Микаела Шифрин која заработи повреда откако падна на велеслаломот во Вермонт, ќе мора да пропушти еден дел од сезоната во алпско скијање. Таа се огласи и преку социјалните мрежи до нејзините фанови.
– Го започнувам процесот на опоравување и се надевам дека наскоро ќе можам повторно да скијам, – објави скијачката.
Шифрин е најуспешната натпреварувачка историјата на Светскиот Куп откако го собори рекордот на Ингемар Стенмарк од 86 победи.