Актуелниот шампион на Македонија и лидер во ПМФЛ , Шкендија денес го потврди новото засилување на тимот.
Се работи за играч кој потекнува од младинската школа на Вардар, Јакуп Бериша кој откако го стави потписот на договорот веднаш ќе им се приклучи на своите нови соиграчи во Анталија.
18-годишниот фудбалер најдобро се снаоѓа во офанзивната улога во средниот ред и се очекува да биде иднината на клубот. Од Шкендија исто така ги потврдија трансферите на Берат Бекири и Зија Мерчани, кои ќе ја засилат левата бековска позиција и ќе му бидат на располагање на тренерот Ќатип Османи.
Тимот на Шкендија се наоѓа во Турција каде се подготвува за пролетниот дел од сезоната во ПМФЛ каде е лидер и има амбиции да ја одбрани титулата.