Вардар има потреба од засилувања за да ја подобри позицијата на табелата во пролетниот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига, а раководството денеска веќе промовираше едно ново име во таборот на „црвено-црните“.
Се работи за словачкиот интернационалец Михал Пинтер, 30-годишен дефанзивец кој доаѓа од редовите на градскиот ривал Шкупи и ќе го носи дресот на Вардар до крајот на сезоната.
Пинтер веќе има солидно искуство во нашето првенство, а претходно има настапувано и за неколку клубови во својата татковина.
Вардар го заврши првиот дел од сезоната на претпоследното место и освои само 13 бодови на 18 натпревари.