Ракометарите на Тинекс Пролет денеска од 17.30 часот ќе го одиграат реваншот со Гранолјерс во рамките на квалификациите за второто по ранг натпреварување на ЕХФ.
Откако Шпанците вчера славеа убедливо со 36 спрема 21, јасно е дека денешниот дуел ќе има само формален карактер и дека избраниците на тренерот, Андон Бошковски, тука ќе го завршат патот низ Европа.
Во договор на двата тима двете средби се реализираат на теренот на Гранолјерс. Ќе потсетиме дека Македонија во Лигата на Европа во новата сезона ќе го има само Еурофарм Пелистер кој директно обезбеди место во групната фаза.