Тренерот на коашркарите на Голден Стејт, Стив Кер, ги разочара навивачите откако нагласи дека Клеј Томпсон кој се опоравува од операцијата на левото колено најверојатно ќе мора да пропушти голем дел од новата сезона.
Кошаркарот кој во текот на летото за 190 милиони долари потпиша нов договор за пет сезони, ќе биде максимално поштеден од обврските за да може да закрепне и дури потоа да му се стави на располагање на тимот на „Вориорс“.
29-годишниот трикратен шампион во НБА лигата кој игра само за Голден Стејт, професионална кариера ја започна во 2011 година.