Хрватскиот дефанзивец Јошко Гвардиол кој е член на РБ Лајпциг се најде на мета на Тотенхем, објавија медиумите на Островот.
Според нив, лондонскиот клуб бил импресиониран од настапот на 20-годишниот Хрват во неговата прва сезона во Бундеслигата по трансферот од Динамо Загреб за 19 милиони евра.
Централниот дефанзивец, кој може да игра и како лев бек, одигра десет натпревари за Хрватска во кариерата постигнувајќи еден гол , додека на 46 настапи во сите натпреварувања минатата сезона за РБ Лајпциг, постигна два гола и две асистенции. Гвардиол може да се пофали со солидно европско искуство за толку млад играч, играјќи во сите шест натпревари од групната фаза во Лигата на шампионите минатата сезона, како и во Лигата на Европа и за германскиот тим и за Динамо Загреб.
Сепак, договорот на играчот е до 2026 година, што значи дека бундеслигашот нема потреба да го продава дефанзивецот во тековниот летен преоден рок.