Европскиот, македонскиот и СЕХА-шампион, Вардар, ја започна сезоната со првиот контролен натпревар одигран на турнирот во требиње и тоа со победа.
Шпанскиот стратег Давид Писонеро ја започна својата ера на клупата на Вардар со победа над Борац Бања Лука од 34:30 (18:12).
Вардар одигра моќно прво полувреме и се одлепи на плус шест гола, но во вториот дел шанса добија ракометарите од клупата, па Борац дојде до пристоен пораз од само четири гола разлика.
Стрелци за Вардар:
Кукуловски 1, Димитриоски, Гашовски, Криштопанс 2, Сикошек Пелко 4, Дисингер 3, Атман 3, Скубе 3, Чупиќ 1, Толедо 1, Дибиров 9, Горбок 2, Шишкарев 3, Горпишин 3, Кугис, Гогов.
Турнирот во Требиње е место каде Вардар ги игра првите натпревари за подготовка и темпирање на формата во сезоната каде ќе ја брани европската титула. Следен противник на Вардар е тимот на домаќинот Леотер, меч кој се игра вечерва од 21:00 часот.