Она што веќе беше најавено во текот на овој месец , денес доби и официјализација. Унгарскиот ракометен гигант Веспрем ги потврди своите две засилувања за новата сезона, а тоа се Данил Шишкарев од Вардар и играчот кој во минатото го носеше „црвено-црниот“ дрес Хорхе Македа.
Руското крило е член на Вардар веќе неколку години, но нема да продолжи во иднина да игра за македонскиот шампион. Шишкарев се определи да игра за Веспрем во наредните две сезони. Македа, играше за ПИК Сегед, најголемиот ривал на Веспрем, но сега се реши да се пресели во Веспрем.
Веспрем исто така најави дека ќе се раздели со неколку ракометари кои по зваршувањето на сезоната ќе мора да си бараар друг клуб.