Зенит планира да ја тужи Фудбалската федерација на Италија, која преговара со тренерот на тимот од Санкт Петербург, Роберто Манчини. Како што објавија италијанските медиуми, Манчини скоро сигурно ќе биде новиот селектор на „Азурите“.
Претходно беше објавено дека за време на неговата неодамнешна посета на својата татковина, Манчини се сретнал со претставници на италијанската фудбалска федерација и ги договорил условите од договорот. Според условите, тој во наредниот квалификациски циклус од две години ќе биде селектор на националниот тим и ќе добие 4 милиони евра годишно.
Во исто време, раководството на Зенит, а особено претседателот Сергеј Фурсенко, е разочаран од Манчини кој по секоја цена сака да си замине. Зенит ќе бара надомест во случај Манчини да го напушти клубот, затоа што има договор до 2022 година.