Утринава фудбалерите на Вардар заминаа на подготовки во Турција. „Вардарци“ попладнево ќе отседнат во Аланија и хотелот „Сентидо Нума Беј“ ќе биде „базата“ на Вардар во Турција.
Вардаровата експедиција останува во Аланија до 4. февруари, за кога е предвидено враќањето во Скопје. Таму ќе бидат одиграни седум контролни натпревари, од кои четири се веќе закажани.
На 19 јануари, првиот „тест“ за Вардар ќе биде тимот на Иртиш Павлодар, а три дена подоцна ќе ги одмери силите со Сумгавит од Азербејџан. На 28 јануари ќе се игра против Александрија од Украина, а на 2. февруари следува дуел со Черно Море. Ќе бидат одиграни натпревари и на 26-ти и 28-ми јануари и на 3. февруари, а противниците дополнително ќе бидат објавени.