Кошаркарскиот клуб ТФТ Скопје денеска доби нов генерален спонзор. Се работи за големиот поддржувач на македонскиот спорт, компанијата Моцарт Македонија. Клубот од Тафталиџе парафира соработка со оваа компанија која ќе важи до крајот на следната сезона. ТФТ Скопје иако е нов клуб, бележи одлични резултати во мак-кошарката.
Author: saso
Е. Пелистер вчера беше поразен и во вториот настап во новата сезона од СЕХА лигата. Тренерот на тимот, Ларс Валтер, вели дека дека повредите се причина за слабиот старт на сезоната во регионалната конкуренција „Сакам да му честитам на домашниот тим за победата и добриот меч. Видливо е дека ние имаме проблеми со повреди. Клучниот момент беше кога добивме две исклучувања. А едноставно не можеш да преживееш така против одличен тим како Нексе. Среќен сум што се враќавме во мечот во два наврати. Имаме долго патување пред нас, а потоа следат два дена одмор кои ќе ги искористиме за анализа…
Ред Бул и Форд ќе ја објават својата соработка на претставувањето на новиот болид на австрискиот тим. Според The Race, Ред Бул и Форд ќе работат заедно на изградба на мотор за сезоната 2026 година, кога Формула 1 ќе ги промени прописите за моторите. Веќе некое време Форд бара опција за влез во Формула 1 како снабдувач на мотори, а опцијата за соработка со Ред Бул се покажа како најпрофитабилна, вклучително и од економска гледна точка. Партнерството се очекува да биде објавено денеска.
Легендарниот Лино Червар беше разрешен од позицијата координатор на сениорската репрезентација со одлука на сојузот, кој му врачи отказ и на досегашниот селектор Хорват.За медиумите, Червар разочаран, ја кометираше одлуката: „Гобац ме отстрани затоа што мисли дека е татко на ракометот! Мислеше дека сум му опасност, но не сум опасност за никого. Јас се занимавам со ракометот, немам никакви амбиции“, изјавил лутиот Червар, кој се чини дека ја завршува својата ера во хрватскиот ракомет. Червар е еден од најтрофејните тренери во Европа и дефинитивно очекуваше сосема поинаков третман од Хрватскиот сојуз.
Младиот напаѓач на Арсенал, Габриел Мартинели потпишал нов договор со „топчиите“. Бразилецот се согласил на нов четири и пол годишен договор кој ќе го задржи на „Емирати“ до летото 2027 година. Претходниот договор на крилниот напаѓач требаше да истече на крајот на следната сезона, иако клубот имаше опција да го продолжи за уште две години.
Британски „Тајмс“ пишува дека екипата на Челзи ризикува да ги прекрши правилата на финансискиот фер-плеј, доколку клубот не успее да избори пласман во Лигата на шампионите следната сезона. Со други зборови, парите кои беа лабаво потрошени од новиот сопственик на лондонскиот клуб, Тод Боли, мора некако да бидат оправдани со нов финансиски плус. Огромните инвестиции на трансер пазарот можат да го доведат Челзи во проблеми во однос на финансискиот фер-плеј на УЕФА. Според „Тајмс“, Челзи ќе биде во голема опасност да ги прекрши правилата, а исто така клубот веќе е ставен меѓу 19-те европски клубови врз кои ќе биде направен…
Јувентус размислува да го раскине договорот со Пол Погба поради разочарувачкото враќање на Французинот во клубот. „Старата Дама“ е незадоволна од целата ситуација со Погба, кој поради повредите никако не успеа да се врати во тимот. Јувентус веќе ги разгледува и можностите за продажба на Погба ова лето, но ако тоа не успее, клубот исто така е подготвен да го прекине договорот со Французинот. Погба во моментов има опција за преселба во МЛС лигата, но и за тоа треба да помине една рунда преговори со заинтересираните тимови. Во моментов, договорот на Погба е до летото 2026 година.
Денвер и Далас остварија нови победи во НБА лигата синоќа, но ѕвездата на Маверикс, Лука Дончиќ се повреди и предвреме го заврши мечот. Далас на домашен терен славеше над Њу Орлеанс со 111:106 и им го нанесе 10-от последователен пораз на „пеликаните“. Тимот од Тексас водеше со 84:56 во средината на третиот период, кога теренот го напушти словенечкиот играч Лука Дончиќ поради повреда на петицата. Дончиќ постигна 31 поен за домашниот тим, заедно со осум скока и четири асистенции, а Спенсер Динвиди постигна 21 поен. Кошаркарите на Денвер во дербито на вечерта славеа над шампионот Голден Стејт со 134:117. Српскиот…
Милан го очекува двомечот со Тотенхем во осминафиналето на Лигата на шампионите, но без Златан Ибрахимовиќ. 41-годишниот Швеѓанец не е дел од составот што Милан го пријави за нокаут фазата на престижниот турнир, што значи дека Ибра нема да игра во продолжението од ЛШ за „росонерите“. Златан Ибрахимовиќ имаше операција на коленото минатата година и наводно се ближи до кам-бек, но Милан очигледно оцени дека се уште е рано да го очекува неговото враќање во првиот тим. Милан и Тотенхем се среќаваат во Милано на 14 февруари, пред реваншот во Лондон на 8 март.
Дефанзивецот на Ливерпул, Ибрахима Конате се соочува со две до три недели пауза од фудбалските терени поради повреда на тетивата. Францускиот репрезентативец (23) се пожали на непријатност по поразот од Брајтон во ФА Купот во неделата и скенирањето последователно го потврди обемот на штетата. Тоа е голем удар за Јирген Клоп, кој веќе е без Вирџил ван Дијк. Холанѓанецот, кој ги пропушти последните пет натпревари поради проблем со тетивата, се очекува да биде фит до средината на февруари.