Македонските репрезентативци Дарко Чурлинов и Димитар Митровски, пред дуелот со Словенија озразија оптимизам и атак на првата победа.
„Ме радува што се вратив и жалам што не можев да помогнам минатиот месец на првите четири натпревари. Одигравме добро во Шкотска, но среќата не беше на наша страна. Мораме уште подобро и ако го презентираме на теренот тоа што го бара селекторот од нас, резултатите сигурно ќе дојдат“, порача Чурлинов.
„Се чувствувам подобро по повредата, тренирам нормално и вечерва ќе одлучиме дали ќе настапам или не. Словенија е компактна селекција, играат одлично на транзиција и верувам дека ќе одат на победа. Нам ни останува да дадеме максимум и да се обидеме да освоиме три бода“, нагласи Митровски.

