Author: saso

Напаѓачот на Астон Вила, Муса Диаби, се очекува следната недела да се пресели во Ал Итихад од Саудиска Арабија. Диаби е подготвен да замине на лекарските прегледи откако се согласи на петгодишен договор со Ал Итихад во договор според кој Вила ќе заработи 60 милиони фунти. Диаби се пресели на „Вила Парк“ минатото лето во рекорден договор од Баер Леверкузен за сума од 43 милиони фунти. Францускиот репрезентативец сака да премине во Саудиска Арабија, каде што ќе игра заедно со сонародниците Карим Бензема и Н’Голо Канте. Ал Итихад е исто така заинтересиран за Кепа Аризабалага од Челзи.

Read More

Хрватскиот кошаркарски гигнат Цибона можно е да се повлече од учество во новата сезона на АБА лигата. Спооред информација на хрватскиот новинар Томислав Хорват, проблемите во хрватскиот кошаркарски гигант повторно излегоа на виделина, а раководството на АБА лигата на следната седница ќе ја разгледува ситуацијата во загрепскиот состав. Доколку дотогаш работите не се потсредат, голема е веројатноста Цибона да биде заменета до МЗТ Скопје А. Тоа ќе биде добра вест за нашиот шампион, кој минатата сезона не успеа да се избори за промоција во елитното регионално кошаркарско друштво, кое сега е во проширен состав по влезот на екипите на Дубаи…

Read More

Италијанската Болоња веќе упатила понуда за договор со германскиот ветеран, Матс Хумелс. Понудата е испратена до фудбалерот и сега само чека одговор од него. Во меѓувреме, медиумите објавија дека станува збор за понуда за договор од една година, со опција за автоматско продолжување на уште една сезона. Хумелс ќе добие 3 милиони евра (2 милиони евра плата + 1 милион евра бонус за потпис). Минатата сезона Матс одигра 40 натпревари, постигна четири гола и даде една асистенција во дресот на Борусија (Д).

Read More

Францускиот шампион Пари Сен Жермен му понудил договор на играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Џејдон Санчо. Според француски извори, позициите на играчот и клубот според условите на договорот се многу блиски. Англичанецот е заинтересиран за проектот на парижани, а и Манчестер Ј. е подготвен за негова брза продажба. Се истакнува дека се уште не е јасно која ќе биде цената на трансферот. Минатата сезона Санчо одигра 24 натпревари во сите натпреварувања за „црвените ѓаволи“ и Борусија Дортмунд, на кои постигна три гола и даде три асистенции. Крилниот напаѓач му се приклучи на Манчестер Јунајтед од Борусија Дортмунд во…

Read More

Оскар Пјастри е победник на трката за ГН на Унгарија во Формула 1. Aвстралиецот го оствари својот првиот триумф во кариерата во чудна трка, откако во финишот неговиот клупски колега Ландо Норис доби тимска наредба да го пропушти. Пјастри одлично стартуваше од втората позиција и го презеде водството на трката, додека Верстапен се проби до второто место. Сепак, стјуардите оценија дека со напуштањето на патеката тој стекнал предност на недозволен начин и морал да му ја врати позицијата на Норис. Од тој момент возачите на Мекларен ја контролираа ситуацијата на врвот. Во финишот, тимот на Мекларен го повика Норис во…

Read More

Познати се учесниците во финалните натпревари на годинашново државно првенство на Македонија во тенис во поединечна конкуренција. Шендрит Деари и Стефан Мицов ќе играат во мечот за шампионската титула кај мажите, откако во денешните полуфинални мечеви ги победија своите ривали. Деари слееше над ланскиот првак Димитар Грабул со 2-1 во сетови (64 36 63), а Мицов беше подобар од младиот Кристијан Јанев со 2-1 (26 62 61). Во женските полуфинални мечеви Александра Симева ја победи актуелната шампонка Теона Андова со 2-0 во сетови (62 61) и се пласираше во своето петто финале. Во второто полуфинале Ана Митевска (16 години) ја…

Read More

Францускиот интернационалец Џибрил Дианеси е нов фудбалер на ФК Вардар. Како што објавија денеска од клубот, францускиот интернационалец има 28 години, игра на позицијата напаѓач, а потекнува од академијата на Тулуз. Претходно Дианеси има настапувано за екипи од Холандија, Франција и Белгија, како Фортуна Ситард, Мастрих, По, Номе Каљу, Ла Лувиер. За Вардар ова е уште едно добро освежување на составот со нова управа која ќе се обиде да го врати тимот на посакуваните места во македонскиот фудбал.

Read More

Агентите на шпанскиот репрезентативец Дани Олмо се во контакт со Барселона, Баерн и неколку клуба од Премиер лигата. Според инсајдерот Фабрицио Романо, на играчот од средниот ред на Лајпциг ќе му биде дозволено да замине во следните недели доколку во канцеларијата на германскиот клуб дојде понуда од најмалку 60 милиони евра. Оваа сума беше запишана во договорот на шпанскиот репрезентативец како обештетување, но сега престана да важи откупната клаузула. Агентите на Олмо биле во контакт со Барселона, Баерн Минхен и клубови од Премиер лигата, кои се интересираат за негов ангажман.

Read More

Домагој Вида денеска и официјално се повлече од хрватската репрезентација. Хрватскиот фудбалски сојуз најави заминување на 35-годишниот дефанзивец од националниот тим. „Ќе ми недостига сè – натпреварите, победите, забавата, прославите, па дури и неуспесите, бидејќи преку нив учиш што вредиш. Но, знам дека дојде време за младите – меѓу нив има и такви кои ќе го водат тимот до нови успеси. Со сето срце им посакувам да тргнат по стапките на нашата генерација, која постигна повеќе отколку што можев да сонувам во мај 2010 година. Колку и да беше тешко да се збогувам, заминувам со чувство на гордост и радост“,…

Read More

Играчот од средниот ред на Тотенхем, Пјер-Емил Хојберг, кариерата ќе ја продолжи во Олимпик Марсеј, објавија неколку угледни француски медиуми. Според информациите, францускиот гигант постигнал договор со „мамузите“ да го доведе данскиот интернационалец на позајмица, а на крајот од сезоната ќе мора да ги откупи неговите права за 15 милиони евра. Играчот од средниот ред ќе потпише четиригодишен договор со екипата од „Велодром“. Марсеј сериозно беше во потера по искусен играч од средниот ред и се чини дека одлуката падна на Хојберг (28), кој не успеа да се избори за место во тимот на лондончани.

Read More