Author: saso

Наполи активно преговара со Челзи за трансферот на Ромелу Лукаку. Откако претходно се дозна дека напаѓачот се договорил со наполитанците за 3-годишен договор со плата од 6 милиони евра годишно без бонуси, сега на ред е двата клуба да ги завршат формалностите околу обештетувањето. Според новинарот Џанлука Ди Марцио, Наполи е подготвен да плати 25 милиони евра и бонуси за Лукаку, додека Челзи за Белгиецот бара најмалку 35 милиони евра. Клубовите не се откажуваат од преговорите, што значи ќе се обидат да се најдат некаде на средина. Минатата сезона Лукаку одигра 32 натпревари во Серија А како позајмен во Рома.

Read More

Управниот Одбор на Ракометната Федерација на Македонија на вчерашната седница донесе одлука за доделување на парична награда за машката младинска ракометна репрезентација која учествуваше на ЕП за играчи до 20 години. Управниот Одбор на РФМ одреди парична награда во вкупна вредност од 1 милион денари за машката младинска ракометна репрезентација за освојувањето на 9-тото место на евро-шампионатот во Словенија. Ракометарите под водство на селекторот Стојановиќ претрпеа само еден пораз на младинскиот шампионат.

Read More

Легендарниот фудбалски стратег Хавиер Агире по третпат седнува на клупата на мексиканската фудбалска репрезентација. Мексиканската фудбалска федерација официјално го објави назначувањето на 65-годишниот стратег за нов предводник на националниот тим. Тој го замени Хаиме Лозано кој го раскина договорот по лошиот настап на тимот на Копа Америка. Агире претходно двапати беше на клупата на мексиканската репрезентација. Тој го водеше тимот на Светските првенства во 2002 и 2010 година (двата пати Мексиканците стигнаа до 1/8 финалето). Во неговиот штаб сега е и поранешниот капитен на репрезентацијата Рафаел Маркез, кој го раскина договорот со Барселона, каде го водеше вториот тим и дојде…

Read More

Барселона соопшти дека Роналд Араухо бил успешно опериран по повредата на тетивата на десната нога. Оваа интервенција ја изврши д-р Ласе Лемпаинен, под надзор на медицинските служби на клубот, во Турку, Финска. Докторот Рикар Пруна, задолжен за медицинскиот персонал на Барса, го придружуваше репрезентативецот на Уругвај на неговото патување во Турку. Се очекува дефанзивецот да биде надвор од терените речиси четири месеци.

Read More

Лионел Меси и Луис Суарез поради повреди ќе го пропуштат Ол-стар натпреварот во МЛС. Фудбалерите на Интер Мајами нема да настапат за МЛС тимот на натпреварот против тимот на најдобрите играчиода мексиканското првенство. Натпреварот ќе се одигра во Колумбус на 24 јули. 37-годишниот Меси се здоби со повреда на скочниот зглоб во финалето на Копа Америка, додека 37-годишниот Суарез нема да игра поради повреда на коленото.

Read More

Украинскиот напаѓач Артем Довбик е многу блиску до преселба во Атлетико (М). Според пишувањата на медиумите во Шпанија, играчот на Џирона вече е во напредна фаза на преговори со „јорганџиите“. Износот на трансферот би можел да биде 35 милиони евра, а 5 милиони ќе бидат предвидени какож бонуси. Самиот фудбалер со задоволство би се преселил во мадридскиот тим, но се уште преговара за личните услови од соработката. Довбик стана најдобар стрелец во Ла Лига минатата сезона, постигнувајќи 24 гола и 8 асистенции на 36 натпревари.

Read More

Победникот на престижната велосипедска трка Тур де Франс, која заврши во неделата, Словенецот Тадеј Погачар, се повлече од настап на Олимписките игри во Париз, соопшти Словенечкиот олимписки комитет. Причината поради која тој нема да биде во словенечката делегација на ЛОИ е премор. „За жал, Тадеј Погачар нема да биде меѓу патниците во Париз. На негово место ќе дојде неговиот колега од клубот, а исто така и негов пријател Домен Новак, на кого му посакуваме се најдобро“, се вели во изјавата на Словенечкиот олимписки комитет. 25-годишниот Погачар веќе изјави дека нема да се натпреварува на Вуелта Еспања, третата од најпрестижните трки…

Read More

Црногорскиот репрезентативец Стефан Савиќ е нов соиграч на Енис Барди во Трабзонспор. Тој е уште едно ново засилување за турскиот клуб ова лето. Дефанзивецот на Атлетико Мадрид се пресели во турскиот клуб како слободен играч. Савиќ се договори со раководството на Атлетико уште во мај за да биде ослободен без трансфер. Савиќ ќе потпише договор со Трабзонспор на 2 години, откако ќе ги мине задолжителните лекарски прегледи закажани за оваа недела. Централниот дефанзивец помина 9 сезони со тимот на Атлетико и беше миленик на навивачите поради неговата посветеност. Трабзонспор веќе се засили со Озан Туфан од Хал Сити, Денис Драгуш…

Read More

И покрај повредата на прстот, Данте Езгум ќе патува на Олимписките игри во Париз. Кошаркарот на Австралија заработи повреда на пријателскиот натпревар против Франција во понеделникот и најавите велеа дека тој не е може да се опорави за настап на ЛОИ. Австралиските медиуми, сепак, пишуваат дека повредата не е сериозна и Данте се враќа во тимот кој ќе патува во Париз. Можно е тој да го прескокне првиот меч за „кенгурите“, но најверојатно ќе му се стави на селекторот веќе од вториот меч на Австралијанците.

Read More

Со шест спортисти, Македонија заминува на претстојните Олимписките Игри кои од 26 јули до 11 август ќе се одржат во Париз. На денешната прес-конференција во МОК, беше презентирана комплетната делегација која ја сочинуваат Дарио Ивановски (атлетика), Владимир Егоров (Борење до 57 кг, слободен стил), Никола Ѓуретановиќ (пливање/400 метри слободно), Анастасија Мојсовска (стрелаштво/10 метри воздушна пушка), Еди Шерифовски (џудо) и Мила Релиќ (таеквондо). Покрај спортистите, Македонија на ЛОИ ќе ја претставуваат и судиите Ѓорѓи Начевски и Славе Николов (ракомет), Иван Михајловски (триатлон) и Анета Павловска (тенис). Свој претставник ќе имаме на Параолимписките Игри во Париз, а таму ќе не претставува Оливера…

Read More