Лоши вести за Наполи по поразот од Јувентус (0:2) во 10. коло од италијанската Серија А. Кевин Де Брујне заработи повреда на зглобот и мораше да го напушти теренот на полувремето. Според првичните информации на „Скај Спорт Италија“, кај белгискиот репрезентативец е дијагностицирано истегнување на лигаментите на зглобот. Степенот на повредата ќе биде утврден по дополнителните лекарски прегледи во наредните часови. Проблеми има и капитенот на Наполи, Џовани Ди Лоренцо, кој исто така беше заменет на паузата поради повреда на адукторниот мускул на бутот. Ниту Јувентус не помина без здравствени проблеми. Вестон Мекени го напушти теренот на полувремето поради повреда…
Author: saso
Левиот бек на Барселона, Алехандро Балде, размислува за заминување од „Камп Ноу“ во зимскиот преоден рок поради малата минутажа што ја добива оваа сезона. Според информациите на „Мундо Депортиво“, шпанскиот репрезентативец веќе ја разгледува можноста за промена на средината. Балде досега настапил на четири натпревари, но ниту еднаш не бил стартер. Во борбата за местото во тимот предност пред него имаат Жоао Кансело и Хави Еспарт, па 23-годишниот фудбалер сè потешко доаѓа до вистинска можност. Неговиот договор со Барселона е до 2028 година, па евентуалното заминување ќе зависи и од ставот на каталонскиот клуб.
Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, смета дека е прерано да се зборува за значењето на победата над Ливерпул во трката за титулата во Премиер-лигата. „Топчиите“ славеа со 1:0 на „Енфилд“ во деветтото коло, а шпанскиот стратег повика тимот да ужива во големиот триумф. „Сè уште е премногу рано да се зборува за тоа. Сега живееме во сегашниот момент. Да уживаме во оваа неверојатна победа заедно со играчите, стручниот штаб и навивачите“, изјави Артета. Тој веднаш најави дека фокусот ќе биде пренасочен кон следниот предизвик, гостувањето кај Славија Прага во Лигата на шампионите, закажано за 4 ноември.
Ракометниот клуб Охрид двата натпревари од третото коло во ЕХФ Европскиот куп ќе ги одигра пред своите навивачи, на 21 и 22 ноември, со почеток од 18 часот. Охриѓани ќе имаат можност во краток временски период двапати да настапат пред домашната публика, во обид да обезбедат победи над литванска Клаипеда за пласман во следното коло.
Фудбалската асоцијација на Англија ја одби жалбата на „топчиите“ за црвениот картон на 16-годишниот Макс Дауман, кој ќе ги пропушти следните три домашни натпревари на клубот. Арсенал не успеа да ја оспори казната за младиот фудбалер, откако независната дисциплинска комисија ја одби жалбата на лондонскиот клуб за црвениот картон заработен на натпреварот против Флитвуд во Карабао купот. Шеснаесетгодишниот фудбалер беше исклучен во 85. минута од средбата, по инцидентот со играчот на Флитвуд, Харисон Нил. Арсенал веднаш поднесе жалба, сметајќи дека станува збор за погрешна судиска процена и дека изречената казна е престрога. Сепак, Фудбалската асоцијација потврди дека независната комисија ги…
Долгоочекуваната пресметка меѓу Тајсон Фјури и Ентони Џошуа веќе ги предизвикаа првите сериозни прогнози во боксерскиот свет. Поранешниот светски шампион Џорџ Гроувс смета дека Фјури е јасен фаворит и дека би можел да ја заврши борбата уште во почетните рунди. Двата британски боксери ќе се соочат на 11 декември во „Принсипалити стадионот“ во Кардиф, во спектакл кој се очекува да привлече околу 80.000 гледачи. Гроувс верува дека физичката предност на Фјури, неговата висина и тежина ќе бидат пресудни во дуелот со Џошуа. „Мора да го изберете Фјури како убедлив фаворит. Штом го погоди Џошуа, мислам дека ќе го нокаутира. Ова…
Кими Антонели и Валтери Ботас не се појавија на медиумските обврски вчера пред Големата награда на Мексико, откако двајцата возачи се соочија со здравствени проблеми. Од Мерцедес потврдија дека Антонели закрепнува од вирусна инфекција, поради што ФИА му дозволила да ги пропушти задолжителните медиумски активности за да добие дополнително време за одмор. „Кими денес не се чувствува добро додека закрепнува од вирусна инфекција. Како мерка на претпазливост, ФИА му дозволи да ги пропушти задолжителните медиумски обврски за да се одмори пред претстојниот тркачки викенд. Очекуваме утре повторно да биде со нас“, соопштија од Мерцедес. Слична одлука донесе и тимот на…
Фиорентина ја очекува исклучително активен зимски преоден рок, во кој спортскиот директор Фабио Паратичи ќе мора да интервенира во неколку линии од тимот доколку клубот сака да ја избегне борбата за опстанок во Серија А. Најголем приоритет се чини дека ќе биде ангажманот на квалитетен напаѓач. Замениците на Моизе Кен, Лоренцо Пелегрини и Бето, засега не ги оправдуваат очекувањата, па Паратичи повторно би можел да ја активира опцијата Џошуа Циркзе. Холанѓанецот пред неколку месеци беше многу блиску до преселба во Фиренца, но на крајот остана во Манчестер Јунајтед, каде што и оваа сезона има ограничена минутажа. Покрај напаѓач, Фиорентина има…
Јапонскиот производител на гуми „Бриџстоун“ подготвува нов обид за враќање во Формула 1, повеќе од 15 години откако последен пат беше дел од најбрзиот автомобилски шампионат во светот. Според информациите на специјализираниот портал „RacingNews365“, претставници на компанијата биле присутни на последните трки за Големата награда на Сингапур и на САД, каде што разговарале за можноста за повторно вклучување во Формула 1. „Бриџстоун“ наводно подготвува посилна технолошка и деловна понуда од онаа со која претходно се обиде да го освои договорот за снабдување со гуми.
Маркус Турам станува сè поважен играч во тимот на Интер, а раководството на италијанскиот гигант веќе размислува за продолжување на соработката со францускиот напаѓач. Французинот уште еднаш ја покажа својата важност на дуелот со Фиорентина, кога во судиското продолжение постигна гол во 91. минута, а потоа изнуди и пенал кој Пјотр Зјелински го реализираше за конечна победа на Интер од 2-1. Турам има договор со Интер до 2028 година, но во клубот сакаат соработката да продолжи и по истекот на актуелниот договор. Според „Тутомеркатовеб“, повикувајќи се на „Газета дело Спорт“, веќе започнале разговорите со спортскиот директор Дарио Баќин за можноста…
