Author: saso

Билетите за натпреварот меѓу Македонија и Луксембург, со кој македонската машка ракометна репрезентација ги започнува квалификациите за ЕХФ ЕУРО 2028, се веќе достапни во продажба. Натпреварот ќе се одигра на 4 ноември (среда), со почеток во 19 часот, во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје. Навивачите можат да ги набават билетите онлајн преку платформата МкТикетс, на следниот линк: https://mktickets.mk/event/mkd-lux/ Македонските ракометари ќе имаат можност пред домашната публика да го отворат новиот квалификациски циклус, а поддршката од трибините ќе биде дополнителен мотив за успешен старт. Да ја обоиме салата во црвено-жолто! Сите за Македонија!

Read More

Хари Кејн е освојувач на „Златната топка“ за 2026 година, откако на свечената церемонија во Лондон ги победи најголемите конкуренти, Килијан Мбапе и Ламин Јамал. Напаѓачот на Баерн Минхен испиша историја со освојувањето на најпрестижното индивидуално признание во светскиот фудбал. Церемонијата се одржа во театарот „Лондон Паладиум“, а ова беше првпат во 70-годишната историја на наградата доделувањето да се организира надвор од Франција. Кејн зад себе имаше извонредна сезона 2025/26, во која постигна вкупно 73 гола за клубот и репрезентацијата. Со своите настапи во дресот на Баерн и англиската селекција, тој се наметна како еден од главните фаворити за признанието.…

Read More

Македонската ММА натпреварувачка Даниела Алексовска оствари голема победа пред домашната публика на настанот ФНЦ 34 во Скопје, откако со прекин во третата рунда ја совлада Гркинката Мина Хаџопулу. Алексовска во решавачката рунда успеа да ја собори противничката на подот, по што зададе серија удари. Хаџопулу ги крена рацете, а судијата ја прекина борбата и ѝ ја додели победата на македонската натпреварувачка. Со овој триумф, Алексовска стигна до деветтата победа во својата кариера, од кои шест ги има остварено со завршница. Таа важи за една од најперспективните македонски ММА натпреварувачки, а настапот на ФНЦ 34 имаше посебно значење бидејќи регионалната организација…

Read More

Барселона е подготвена да разговара со Манчестер Сити за можни трансфери на Ерлинг Хaланд и Жереми Доку во летниот преоден рок во 2027 година,. Според информациите, каталонскиот клуб преку посредници стапил во контакт со раководството на англискиот шампион и ја изразил подготвеноста да разговара за двајцата офанзивни фудбалери. Халанд настапува за Манчестер Сити од летото 2022 година и има договор со клубот до 2034 година. Од друга страна, белгискиот крилен напаѓач Жереми Доку е член на Сити од 2023 година, а неговиот договор важи до 2031 година.

Read More

Македонската каратистка Камелија Недев освои сребрен медал и стана светска вицешампионка во дисциплината кати поединечно, во кадетска конкуренција, на Светскиот шампионат во традиционално карате што се одржува во Копер, Словенија. Недев имаше одличен настап во силна меѓународна конкуренција и се пласираше во финалето, каде што се соочи со претставничка на Романија. Двете финалистки добија ист број поени, но поради една повисока поединечна оценка на романската натпреварувачка, Камелија го освои второто место. На шампионатот учествуваат околу 1.200 натпреварувачи од 58 држави, што дополнително ја нагласува вредноста на освоениот сребрен медал.

Read More

Аргентинскиот напаѓач Хулијан Алварез јавно им се извини на навивачите на Атлетико Мадрид за изјавите за време на Светското првенство, кога откри дека сака да го напушти клубот и да се пресели во Барселона. Трансферот не се реализираше, а неговите зборови предизвикаа незадоволство кај дел од приврзаниците на мадридскиот тим. „Сакам да им се извинам на нашите навивачи. Погрешив и со начинот на кој ги кажав работите и со моментот кога го направив тоа. Го разбирам нивниот гнев, и јас би се налутил да бев на нивно место“, порача Алварез, кој истовремено им се заблагодари за поддршката што му ја…

Read More

Реал Мадрид доби лоши вести пред вечерашното Ел Класико против Барселона, откако остана без својот прв голман Тибо Куртоа. Белгискиот репрезентативец нема да настапи на дербито од десеттото коло во шпанската Ла Лига поради болест. Неговото отсуство е сериозен удар за „кралевите“, со оглед на значењето на Куртоа за тимот. На голот се очекува да застане Украинецот Андриј Лунин. Реал дополнително го повика и младиот украински голман Илија Волошин од вториот тим, како дополнителна опција за голманската позиција. Ел Класико ќе се игра вечерва на „Камп Ноу“, со почеток во 21 часот.

Read More

Шкендија и Вардар одиграа 0-0 во дербито од 11. коло во Првата македонска фудбалска лига, на натпревар во Гостивар кој го одбележаа три поништени погодоци по интервенција на ВАР-системот. Шкендија подобро го отвори дуелот и создаде неколку сериозни закани. Во 31. минута, Ндзенгуе ја затресе мрежата на Вардар, но погодокот беше поништен поради офсајд. Вистинската драма се случи во завршницата. Вардар постигна гол преку Данев на истекот на регуларните 90 минути, но ВАР повторно интервенираше. Во 96. минута, Спахиу исто така ја затресе мрежата, но и неговиот погодок беше поништен поради офсајд. Претходно, Струга ТЛ на домашен терен со 4-0…

Read More

Шпанскиот судија Хуан Мартинес Мунуера ќе биде главен арбитар на неделното Ел Класико меѓу Барселона и Реал Мадрид, во рамките на 10. коло од шпанската Ла Лига. За ВАР-системот ќе биде задолжен Хавиер Иглесијас Виљануева, потврди Шпанската фудбалска федерација. За Мунуера ова ќе биде петти натпревар меѓу двата најголеми шпански ривали. На претходните четири дуели што ги судел, Реал Мадрид остварил три победи, додека Барселона славела еднаш. Последниот нивни меѓусебен натпревар под негово судење беше финалето на шпанскиот Суперкуп во 2024 година, кога Реал победи со убедливи 4:1. Мунуера има долгогодишно искуство во шпанското првенство, каде што суди од сезоната…

Read More

Барселона-Реал Мадрид е мечот кој ќе ја одбележи утрешната фудбалска програма, натпревар кој со нетрпение се очекува во Шпанија, Европа, но и во целиот свет. Мечот се игра на „Камп Ноу“ во вечерниот термин од 21 часот и тоа даве дополнителен шмек на овие битки, поточно е многу подобро отколку да се игра попладне или слично. На хартија домаќините важат за фаворити иако е тоа тешко да се каже за било кое дерби затоа што тука се се заборава и се почнува од нула. Рафаел Ван Дер Варт две години настапуваше за „кралевите“ и имаше можност од прва рака да…

Read More