Масимилијано Алегри е под сериозен притисок по лошите резултати на Наполи, а поразот од Венеција дополнително ги засили критиките кон тренерот. Сепак, евентуалниот отказ би претставувал огромен финансиски товар за италијанскиот шампион. Алегри има договор до 30 јуни 2029 година, со годишна плата од 4,5 милиони евра нето, плус бонуси. Според „Тутомеркато“, преостанатите обврски кон тренерот би можеле да го чинат клубот околу 25 милиони евра бруто, без да се пресметаат дополнителните трошоци за неговиот стручен штаб. На таа сума би требало да се додаде и платата на евентуалниот нов тренер. Претседателот Аурелио Де Лаурентис засега му дава поддршка на…
Author: saso
Менаџерот на Кристал Палас, Пјер Саж, би можел да биде првиот тренер во Премиер лигата кој ќе добие отказ оваа сезона, по убедливиот пораз од Брајтон со 5-0. Палас прими три гола во првите десет минути, а поразот е најтежок за клубот против градскиот ривал од 1956 година. Незадоволството кај навивачите беше очигледно, а тимот беше испратен со свирежи. Дополнителен проблем се наводните несогласувања на менаџерот со претседателот Стив Периш и загриженоста поради дефанзивната игра на тимот. Кристал Палас има само две победи на првите седум натпревари во Премиер лигата и се наоѓа на 14. место, со само два бода…
Менаџерот на Манчестер јунајтед, Мајкл Керик, смета дека неговиот тим направил чекор во вистинската насока и покрај ремито 1:1 против Лидс во седмото коло од Премиер-лигата. „Дефинитивно беше чекор напред. Ако имаме слабости, сите излегоа на виделина денес. Пред натпреварот ми се чинеше дека сите играчи се подготвени. Не беше идеален меч, немавме огромна самодоверба, но играчите се обидуваа да направат сè како што треба“, изјави Керик. Тој истакна дека неговиот тим во одредени моменти изгледал навистина добро и дека играчите се бранеа како колектив. Манчестер јунајтед со ова реми ја продолжи серијата од шест натпревари без победа, што дополнително…
Австралискиот кошаркар Бен Симонс доживеа тешка повреда на Ахиловата тетива и ќе ја пропушти целата сезона 2026/27 во НБА-лигата. Триесетгодишниот бек на Сакраменто Кингс се повреди за време на тренинг, само неколку дена пред почетокот на новата сезона. Магнетната резонанца потврди дека станува збор за скината десна Ахилова тетива, поради што ќе мора да биде опериран. За Симонс ова е огромен удар, бидејќи се обидуваше да ја оживее кариерата по паузата во претходната сезона поради здравствени проблеми.
Украинскиот ракометар Дмитро Хориха, поранешен ракометар на Вардар, доби зелено светло за настап за македонската ракометна репрезентација и ќе биде дел од националниот тим на следните натпревари. Ова на прес-конференција го потврди првиот човек на македонскиот ракомет, Александар Стефанов. Неговото приклучување се очекува да донесе дополнителен квалитет и поголем избор во составот на Македонија, особено во бековската линија. Хориха располага со искуство од настапите на меѓународната сцена, а неговите квалитети би можеле да бидат значаен адут за селекторот во претстојните репрезентативни предизвици. Со добивањето дозвола за настап, се отвора можност македонската репрезентација да смета на уште еден ракометар во обидот…
Двата најтрофејни македонски ракометни клуба, Вардар и Еурофарм Пелистер, по седум одиграни натпревари во европските купови сè уште немаат забележано ниту една победа. Вардар се врати во Лигата на шампионите со високи амбиции, но првите четири натпревари донесоа исто толку порази. Ниту Еурофарм Пелистер не може да се пофали со добар старт во Европската лига. Битолчани во првите три кола загубија двапати, а само еднаш одиграа нерешено. За клуб кој во последните години вложува сериозни средства и има амбиции да биде конкурентен и на меѓународната сцена, ваквиот почеток е далеку под очекувањата. Сепак, европската сезона не е завршена. И двата…
Македонскиот каратист Реџеп Рушити обезбеди борба за бронзен медал на Светското првенство во категоријата до 21 година, до 84 килограми, кое се одржува во Биелско-Бјала, Полска. Рушити го започна настапот со победа од 3:1 над Французинот Бен Фаталах, но во второто коло загуби минимално со 0:1 од египетскиот натпреварувач Осман Амар. Сепак, македонскиот каратист продолжи преку репасажот, каде што забележа три убедливи победи. Најпрво го совлада Полјакот Виктор Војарски со 9:0, потоа беше подобар од Холанѓанецот Ван дер Вејд со 5:2, а на крајот славеше и против Абдерезак Гори со 4:0. Со овие резултати, Рушити покажа одличен карактер и доминација…
Кристапс Порзингис ќе биде надвор од терените на неопределено време поради здравствен проблем, соопшти Голден Стејт Вориорс. Клубот од Сан Франциско засега не открива детали за неговата состојба, ниту може да го предвиди датумот на враќање на латвискиот центар. Порзингис, кој ги пропушти подготовките за новата сезона и првите пет претсезонски натпревари на Вориорс, неодамна се врати во тренинг-центарот на тимот. Таму имал состанок со генералниот менаџер Мајк Данливи Џуниор и директорот за здравје и физичка подготвеност на играчите, доктор Рик Челебрини. Летонскиот кошаркар се огласи и преку социјалните мрежи, уверувајќи ги навивачите дека работи со медицински експерти за да…
Килијан Мбапе испиша нова страница во фудбалската историја, откако стана најмладиот играч кој стигнал до 100 настапи во Лигата на шампионите. Францускиот напаѓач го достигна јубилејот во дресот на Реал Мадрид, а неговите бројки во елитното европско натпреварување веќе се споредуваат со оние на Лионел Меси и Кристијано Роналдо. Мбапе го одбележа својот стоти настап со погодок против Рома, во натпревар во кој Реал Мадрид славеше со 4-3. Со тоа француската ѕвезда стигна до 72 гола во првите 100 натпревари во Лигата на шампионите, потврдувајќи го својот статус на еден од најопасните напаѓачи на денешницата. Според статистиката објавена од „Sports…
Фабијан Хирцелер, менаџерот на Брајтон, би можел да го преземе Манчестер Јунајтед доколку раководството на клубот одлучи да го отпушти Мајкл Керик, пренесуваат англиските медиуми. Според информациитe, 33-годишниот германски стратег е меѓу главните кандидати за евентуален наследник на Керик, иако челниците на Јунајтед засега продолжуваат да му даваат поддршка на актуелниот тренер. Хирцелер го предводи Брајтон од 2024 година, а со тимот двапати последователно заврши на осмото место во Премиерлигата. Дополнителна тежина на неговата кандидатура му даваат и резултатите против Манчестер Јунајтед, против кого Брајтон забележал четири победи на последните шест меѓусебни натпревари во тој период. Германецот неодамна го продолжи…
