Македонската фудбалска репрезентација утре на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ја започнува новата сезона во Лигата на нации, со дуел против силната Швајцарија. Селекторот Гоце Седлоски е задоволен од работата на фудбалерите на тренинзите и очекува максимален ангажман во натпреварот. „За овие неколку тренинзи на кои сите играчи одработија максимално, сум презадоволен. Сите играчи знаат што треба да се работи на терен. Играме против силна селекција како Швајцарија, но против секого мора да се бориме. Верувам дека со помош на публиката ќе направиме се за да стигнеме до поволен резултат. Точно е дека Швајцарија игра без неколку квалитетни играчи,…
Author: saso
По вчерашната убедлива победа над Србија со 29:21, женската ракометна репрезентација на Македонија денеска ја очекува нов сериозен предизвик на „Трофеј Македонија“ во Охрид. Противник е Црна Гора, селекција која редовно настапува на Европските и Светските првенства, како и на Олимписките игри. Црногорките на стартот на турнирот одиграа нерешено со Хрватска. Селекторот на Македонија, Игор Марковиќ, кој одлично ги познава црногорските репрезентативки и нивниот начин на игра, веројатно ќе биде дополнителна предност за македонскиот тим при подготовката на тактиката. Натпреварот Македонија – Црна Гора се игра од 17:30 часот во СРЦ „Билјанини Извори“ во Охрид, а влезот за гледачите е…
Сандерленд со загриженост ја очекува проценката на повредата на Брајан Броби, откако холандскиот напаѓач мораше да го напушти теренот на натпреварот против Германија. Броби се повреди во првото полувреме од ремито 1:1 и според првичните информации станува збор за мускулна, односно повреда на задната ложа. Холандскиот селектор Чави потврди дека напаѓачот нема да остане со репрезентацијата и ќе биде заменет со друг фудбалер. Повредата доаѓа во незгоден момент за Сандерленд, бидејќи Броби блесна на последниот премиерлигашки натпревар. Тој постигна хет-трик против Манчестер Сити, иако неговиот тим загуби со 5:3 на „Етихад“.
Хрватскиот боксер Филип Хрговиќ е отворен за голем меч против кикбокс ѕвездата Рико Верхувен, кој би можел да биде дел од спектакуларната програма за мечот меѓу Тајсон Фјури и Ентони Џошуа. Фјури и Џошуа официјално ќе се сретнат на 11 декември во Кардиф, на стадионот „Принципалити“, а целиот настан ќе се пренесува во живо на Нетфликс. Хрговиќ, кој неодамна ја освои ИБФ титулата во тешка категорија со победата над Мозес Итаума, потврди дека слушнал за можноста да се бори со Верхувен на истата програма. „Слушнав гласини дека Турки сака да се борам со овој човек, Рико Верхувен, на тој настан.…
Предстојниот викенд 24 – 26 септември во Ивреа Италија ќе се одржи Европско првенство во кајак слалом на диви води. Македонската репрезентација во кајак слалом е редовен учесник на Европските првенства каде постигнува солидни резултати, но оваа година новото раководство на федерацијата (КФСМ) одлучи Македонија да не учествува на ова Европско првенство, иако Министерството за спорт веќе и додели односно исплати финансиски срества за настап на Европското првенство. Образложението на новото раководство на федерацијата е дека првопласираниот во репрезентацијата е повреден, а второ и трето пласираните Кристијан Смилев и Стефан Рибарски не биле доволно квалитетни за настап на Европско првенство,…
По три дена исполнети со спортски приказни, големи имиња, средби, панели и разговори, во Сараево заврши јубилејното 15. издание на SIMPOSAR, еден од најзначајните спортско-медиумски собири во регионот. Од 18 до 20 септември, Swissôtel Sarajevo беше место на кое се сретнаа спортски легенди, тренери, поранешни и актуелни спортисти, спортски функционери, новинари и луѓе од светот на бизнисот од повеќе од 20 земји. Спортско радио 90.3 FM и Derbi.mk беа во Сараево и одблиску го следеа јубилејното издание на SIMPOSAR. Едно од најголемите имиња на годинашниот собир беше легендарната американска атлетичарка Џеки Џојнер-Керси, трикратна олимписка шампионка и освојувачка на шест олимписки…
Паскал Грос објави дека ја завршил репрезентативната кариера со Германија, иако неговото повлекување досега не беше официјално објавено. 35-годишниот фудбалер откри дека одлуката ја донел веднаш по Светското првенство во 2026 година. „Официјално сè уште не сум се повлекол затоа што немам социјални мрежи, но завршив. За мене по Светското првенство тоа беше тоа“, изјави Грос. Причината поради која неговото повлекување помина незабележано е токму тоа што германскиот репрезентативец нема профили на социјалните мрежи. Грос смета дека на 35 години е време местото во националниот тим да го препушти на помладата генерација. „Време е на новата генерација да ѝ посакам…
Ламин Јамал продолжува да испишува историја и постави уште еден импресивен рекорд во Ла Лига. Ѕвездата на Барселона стана најмладиот фудбалер кој стигнал до 50 асистенции во шпанското првенство, на возраст од 19 години и 68 дена. Јамал до јубилејната бројка стигна во победата на Барселона над Севиља со 3:1. Во овој натпревар 19-годишниот крилен напаѓач двапати му асистираше на Рафинја, кој постигна хет-трик. Со двете додавања против Севиља, Јамал стигна до вкупно 51 асистенција во 159 официјални натпревари за Барселона. Со тоа го надмина досегашниот рекорд кој го држеше Винисиус Жуниор.
Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, потврди дека клубот планира големо одбележување во чест на Лионел Меси, откако ќе биде целосно завршен реновираниот „Камп Ноу“. Лапорта откри дека Барселона веќе му кажала на Меси дека сака да организира посебен настан по повод неговото заминување од клубот. „Ќе му приредиме одбележување кога стадионот ќе биде завршен, доколку тој сака“, изјави Лапорта. Според претседателот на Барселона, свеченоста би можела да биде одржана пред речиси 105.000 гледачи, што би било спектакуларно враќање на Аргентинецот пред навивачите.Лапорта посочи дека постоела можност Меси да остане уште една сезона во Барселона, но таа опција не се реализирала…
Од утре до 26.септември во италијанскиот град Парма ќе се одржува Европското првенство за тенисери и тенисерки до 16 години, а Македонија ќе ја претставуваат по двајца во секоја конкуренција и истите тенисери и тенисерки ќе играат и во конкуренција на двојки. Кај девојките македонскиот тим го претставуваат Сара Митевска и Лина Николовска, а кај момчињата се Марко Алексовски и Алексеј Стојановски. Дел од нив утре ќе ги имаат и првите мечеви. Стојановски во меч од второто коло ќе игра против Томи Лукса од Чешка, додека Алексовски ќе игра со победникот од првото коло од мечот Јакуб Јашин (Белорусија) и…
