По вчерашната убедлива победа над Србија со 29:21, женската ракометна репрезентација на Македонија денеска ја очекува нов сериозен предизвик на „Трофеј Македонија“ во Охрид.
Противник е Црна Гора, селекција која редовно настапува на Европските и Светските првенства, како и на Олимписките игри. Црногорките на стартот на турнирот одиграа нерешено со Хрватска.
Селекторот на Македонија, Игор Марковиќ, кој одлично ги познава црногорските репрезентативки и нивниот начин на игра, веројатно ќе биде дополнителна предност за македонскиот тим при подготовката на тактиката.
Натпреварот Македонија – Црна Гора се игра од 17:30 часот во СРЦ „Билјанини Извори“ во Охрид, а влезот за гледачите е бесплатен.

