Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид
    Ракомет

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    sasoBy saso14/11/2026No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Ракометарите на Вардар 1961 славеа против Алкалоид со 36:31 во дербито на 10 коло во Суперлигата, во натпревар со многу пресврти и неизвесност во најголемиот дел од второто полувреме.

    „Црвено-црните“ подобро го отворија дуелот и поведоа со 7:4, но Алкалоид постепено се врати во игра. На полувремето се отиде крајно израмнето, 17:17, а во продолжението гостите успеаја и да израмнат и на 22:22. Сепак, домашниот состав ја презеде контролата во завршницата, направи серија од неколку голови и стигна до заслужена победа.

    Најефикасен во Вардар беше Матео Фадуил со 11 погодоци од исто толку обиди, од кои осум од седум метри. Вукашин Воркапиќ постигна шест, а Леон Љевар пет гола. Кај Алкалоид, Никола Костески реализираше осумпати, Марко Митев постигна седум, а Урош Борзаш пет гола.

    Натпреварот го одбележа и црвениот картон за Иван Џонов во 33. минута.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Дресот на Дибиров ќе биде изложен во Музејот на град Скопје

    11/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.