Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Домашен микс»ЗАВРШИ ЈУБИЛЕЈНИОТ SIMPOSAR 2026 – ТРИ ДЕНА САРАЕВО БЕШЕ ЦЕНТАР НА СПОРТСКИОТ РЕГИОН
    Домашен микс

    ЗАВРШИ ЈУБИЛЕЈНИОТ SIMPOSAR 2026 – ТРИ ДЕНА САРАЕВО БЕШЕ ЦЕНТАР НА СПОРТСКИОТ РЕГИОН

    sasoBy saso20/09/2026No Comments3 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    По три дена исполнети со спортски приказни, големи имиња, средби, панели и разговори, во Сараево заврши јубилејното 15. издание на SIMPOSAR, еден од најзначајните спортско-медиумски собири во регионот.

    Од 18 до 20 септември, Swissôtel Sarajevo беше место на кое се сретнаа спортски легенди, тренери, поранешни и актуелни спортисти, спортски функционери, новинари и луѓе од светот на бизнисот од повеќе од 20 земји. Спортско радио 90.3 FM и Derbi.mk беа во Сараево и одблиску го следеа јубилејното издание на SIMPOSAR. Едно од најголемите имиња на годинашниот собир беше легендарната американска атлетичарка Џеки Џојнер-Керси, трикратна олимписка шампионка и освојувачка на шест олимписки медали.

    Но SIMPOSAR понуди многу повеќе од присуството на големи спортски имиња. Хасан Салихамиџиќ ја раскажа својата фудбалска приказна – од Јабланица до Баерн Минхен, Јувентус и самиот врв на европскиот фудбал. Надин Кеслер зборуваше за лидерството и иднината на женскиот фудбал, Дамир Скомина за одлуките и притисокот со кои се соочуваат судиите на најголемата сцена, додека Сергеј Барбарез ја отвори темата за одговорноста на селекторската функција и предизвиците со кои се соочува репрезентацијата на Босна и Херцеговина.

    Посебно внимание предизвикаа и разговорите за лидерството и тренерската професија, со учество на Вахид Халилхоџиќ, како и приказните на фудбалските легенди од некогашниот југословенски и денешниот регионален фудбал. Токму тука SIMPOSAR имаше и силен македонски печат. Легендарниот македонски фудбалер Вујадин Станојковиќ на јубилејниот SIMPOSAR доби награда за животно дело, признание за неговата кариера и придонес во фудбалот. Станојковиќ беше и дел од еден од најинтересните разговори на собирот, заедно со Вахид Халилхоџиќ, Блаж Слишковиќ и Томислав Ивковиќ.

    Македонската фудбалска легенда зборуваше за своите години во Вардар и репрезентацијата, за Ивица Осим и за времето на една голема фудбалска генерација. Се вратија спомените на Светското првенство во Италија 1990, натпреварот со Аргентина, пеналите, Марадона и приказните кои останале зад телевизиските камери. Но јубилејниот SIMPOSAR не живееше само од спортската историја. Една од темите беше и иднината – вештачката интелигенција и начинот на кој новите технологии веќе го менуваат спортот, од анализата и тренерската работа до одлуките и создавањето на новите генерации навивачи.

    Имаше место и за кошарката, esports, спортскиот бизнис и лидерството, но можеби најголемата вредност на SIMPOSAR повторно беа средбите и разговорите меѓу луѓето кои спортот ги поврзува без оглед од која земја и генерација доаѓаат. По 15 изданија, идејата на основачот и директор на SIMPOSAR, познатиот спортски новинар Сабахудин Бахо Топалбеќиревиќ, прерасна од регионална иницијатива во меѓународен спортски собир кој секоја година во Сараево носи големи имиња и нови спортски приказни.

    За Спортско радио 90.3 FM и Derbi.mk, присуството во Сараево беше можност од прва рака да бидеме дел од тие средби, да разговараме со луѓето кои оставиле белег во спортот и повторно да ја почувствуваме онаа негова страна која често е поважна и од резултатот – спортот како мост меѓу луѓето и земјите од регионот.

    Завесата на јубилејниот SIMPOSAR 2026 е спуштена. Од Сараево остануваат бројни приказни, нови познанства и пријателства, спортски спомени и пораки кои вреди да се пренесат. А за нас, посебно останува и македонскиот момент – големото признание за Вујадин Станојковиќ, наградата за животно дело на јубилејниот 15. SIMPOSAR.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026

    16/11/2026

    Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23

    16/11/2026

    Украинецот Захариев е освојувач на 55. „Златен Гонг“

    15/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.