Македонскиот тенисер Андреј Темов на доминантен начин го заврши настапот на турнирот Скопје Опен 2026 за тенисери и тенисерки до 14 години што се играше оваа недела на терените на ТК Југ. Турнирот беше од категорија 3. Темов до триумфот во поединечна конкуренција стигна без загубен сет, а единствено во полуфиналето одигра еден сет во тајбрејк. Тој во финалето го победи Златан Јорданов од Бугарија со 2-0 во сетови (62 60). Во полуфиналето го победи Британецот Марк Фулвуд со 2-0 (76(7) 60), а во четвртфиналето го надигра Кан Карочкај од Унгарија без загубен гем 2-0 (60 60). Во првото коло…
Author: saso
Еуромилк Горно Лисиче остана без тренер, откако Јован Трајков си поднесе оставка од функцијата шеф на стручниот штаб. Трајков заминува по седум месеци поминати во клубот, а одлуката ја соопшти преку социјалните мрежи. Интересно е што оставката доаѓа само еден ден пред првенствениот натпревар со Беласица во Втората македонска фудбалска лига. Тренерот порача дека одлуката не била лесна, но дека во овој момент ја смета за најправилен чекор. По пет одиграни кола, Еуромилк има една победа и четири порази, односно само три освоени бода.
Столе Димитриевски наскоро би можел да добие нов тренер во Валенсија, бидејќи шпанскиот клуб е во напредни преговори со искусниот Мексиканец Хавиер Агире. Според информациите од Шпанија, 67-годишниот Агире е меѓу главните кандидати, а веќе дал согласност за враќање во Ла Лига. Валенсија минатата седмица се раздели со Карлос Корберан по лошиот старт на сезоната, а тимот моментално го води Оскар Санчез како привремено решение. Агире има богато искуство во шпанскиот фудбал, каде што претходно ги водеше Осасуна, Атлетико Мадрид, Сарагоса, Еспањол, Леганес и Мајорка.
Челзи има најлоша одбранбена статистика во Премиерлигата во календарската 2026 година. Лондонскиот клуб досега примил дури 43 гола во првенството, повеќе од која било друга екипа во англиската елита. Проблемите дополнително се продлабочија по поразот од Брентфорд со 0:3 во петтото коло. За тимот на Челзи тоа беше 22. последователен натпревар во Премиерлигата на кој прими гол. Последниот меч без примен погодок „сините“ го одиграа на 17 јануари, кога славеа токму против Брентфорд со 2:0. Зад нив на листата според бројот на примените голови во 2026 година е Кристал Палас со 42, додека Њукасл и Тотенхем имаат по четири гола…
Тајриз Халибартон се враќа на терените по тешката повреда на Ахиловата тетива, а од таборот на Индијана пристигнуваат оптимистички информации за неговата форма. Инсајдерот Брет Сигел објави дека во „Пејсерс“ сметаат оти Халибартон моментално изгледа „подобро од кога било“. Халибартон ја пропушти целата сезона 2025/26 откако ја скина десната Ахилова тетива во седмиот натпревар од финалето на НБА во 2025 година. Плејмејкерот веќе работи со полн интензитет, а уште во јули објави снимки од тренинг на кои демонстрираше висок степен на физичка подготвеност.
Македонската каратистка Јована Мицовска се закити со сребрен медал на Европското универзитетско првенство во боречки спортови во организација на ЕУСА во Тирана, Албанија, откако во финалето загуби од претставничката на Турција Нурбаде Бубер со 1-3. Мицовска до финалето забележа четири победи. Сепак, и сребрениот медал е голем успех за каратистиката на Макпетрол. Македонската унивезитетска репрезентцаија го завршува натпреварот во карате со еден медал. Многу близу до медал беа и Петар Заборски и Вукашин Јовановиќ, но на крајот ги освоија петтите места. На карате турнирот настапуваат 306 каратисти со 377 натпреварувачки влезови од 141 универзитет од 26 држави.
Кошаркарската федерација на Македонија одржа работен состанок со претставниците на клубовите – членки на Здружението на клубови од Суперлигата, на кој беа разгледани повеќе прашања поврзани со организацијата и подготовките за новата натпреварувачка сезона 2026/2027. Состанокот се одржа во просториите на КФМ, а во фокусот на разговорите беа теми од значење за непречено организирање и спроведување на натпреварувањето во претстојната сезона. На состанокот беа разгледани системот на натпреварување за сезоната 2026/2027, термините за почеток на сезоната, како и организацијата на Суперкупот на Македонија. Претставниците на клубовите беа информирани и за продолжувањето на спонзорската соработка со компанијата „М-тел“, како дел од…
Македонската одбојкарска репрезентација го претрпе и вториот пораз на Европското првенство во одбојка, откако во вториот натпревар од групата Б загуби од Украина со 3:0 во сетови (25:22, 25:22, 25:10). Избраниците на селекторот Миленкоски одиграа рамноправно во првите два сета и долго време му парираа на еден од фаворитите во групата. Македонија имаше свои шанси да направи изненадување, но во завршниците на двата сета Украинците беа поконцентрирани и ги освоија со идентични 25:22. Најголеми проблеми за македонските одбојкари претставуваше силниот сервис на противникот, кој создаваше тешкотии во приемот. И покрај тоа, Македонија во првите два сета успеваше да остане во…
Скопје уште еднаш ќе биде домаќин на најдобрите европски и светски џудисти во рамките на Европскиот куп во џудо за сениори – Скопје 2026, кој ќе се одржи на 19 и 20 септември. Според последните податоци од Џудо Федерацијата на Македонија, досега се пријавени над 440 џудисти од повеќе од 40 држави 4 континенти. Бројки кои говорат сами за себе и се уште една потврда дека светската џудо елита го препознава Скопје како сериозен и квалитетен домаќин. Во прилог на тоа зборува и фактот дека на минатиот Европски куп во Скопје беа пријавени околу 300 натпреварувачи, а сега тој број…
Македонската олимпија Мила Рељиќ е рангирана меѓу најдобрите десет таеквондистки во светот во категоријата до 62 килограми. Рељиќ на септемвриското рангирање има 27,36 поени, со што се искачи во светскиот Топ 10. Клучни за овој успех беа бодовите освоени со бронзениот медал на отвореното Светско првенство Г-4 во август во Таијуан, Кина. Уште поважен е фактот што македонската репрезентативка направи голем напредок и на олимписката ранг-листа во категоријата до 57 килограми. Таму Рељиќ скокна дури 17 позиции и сега е на 22. место. На олимписката листа се споени категориите до 57 и до 62 килограми. Овие резултати се особено значајни…
