Куманово на 27 септември ќе биде домаќин на шестото издание на Стопанска Триоги Триатлон Куманово 2026, спортски настан кој ги обединува љубителите на триатлонот од Македонија и регионот. Стартот и целта се предвидени на Градскиот базен во Куманово, а организаторите и годинава очекуваат околу 300 учесници. Минатогодишното издание собра натпреварувачи од Романија, Словенија, Украина, Бугарија, Србија, Хрватска, Косово и други земји, па се очекува силна меѓународна конкуренција и оваа година. За сениорите, јуниорите и рекреативците предвидена е главната дистанца од 750 метри пливање, 20 километри велосипедизам и пет километри трчање. Кадетите ќе се натпреваруваат на 375 метри пливање, 10 километри…
Author: saso
Алкалоид освои 11 од можни 12 бодови, а клучниот чекор кон титулата беше победата над директниот ривал МШК Центар со 2,5:1,5. Во шампионскиот состав настапија Лела Јавакашвили, Бела Котенашвили, Моника Стојкоска, Габриела Коскоска, Моника Жежовска и Леа Ефтовска. Во машка конкуренција, ШК Алкалоид е на добар пат да ја одбрани титулата, откако во шестото коло го совлада ШК Гамбит со 3,5:2,5. Во долг и неизвесен меч, пет партии завршија реми, а клучниот цел поен го донесе велемајсторот Велимир Ивиќ, кој на втората табла славеше против холандскиот велемајстор Томас Бердсен. Младиот тим на Мулти Есенс по шест кола го дели четвртото…
Интер Ескалдес и Линколн Ред Импс синоќа испишаа нова страница во историјата на фудбалот на малите европски земји, обезбедувајќи пласман во лигашката фаза на Конференциската лига. Интер Ескалдес направи историски подвиг за Андора, откако на домашен терен одигра 0:0 со Дрита, а потоа славеше со 4:2 на пенали. Со тоа, клубот од Ескалдес стана првиот тим од Андора што ќе настапи во главната фаза на едно УЕФА клупско натпреварување. Уште поневеројатно е што Интер Ескалдес до успехот стигна откако претходно беше елиминиран од Линколн Ред Импс во квалификациите за Лигата на шампионите. За Линколн Ред Импс, пак, ова е уште…
Ентони Дејвис повторно се најде во центарот на НБА-трансфер шпекулациите, а како негова можна следна дестинација се споменува Бостон. Според предложениот договор, Вашингтон би ги добил Пол Џорџ, Џордан Волш, Бејлор Шајерман и пик од втората рунда на драфтот во 2030 година, додека Бостон би го добил 10-кратниот Ол-стар центар. Идејата е Бостон да го спои Дејвис со Џејсон Тејтум и да создаде исклучително силно дуо под кошевите. За Селтикс, Дејвис би бил големо засилување, особено по заминувањето на Џејлен Браун, но неговата историја со повреди останува сериозна причина за внимателност. Дејвис моментално е член на Вашингтон, откако во февруари…
Поранешната светска шампионка на 1.500 метри и трикратна олимписка учесничка, Џени Симпсон оваа недела на социјалните мрежи објави дека повеќе нема да трча откако преживеа животозагрозувачки срцев удар во јуни. 39-годишната Симпсон откри дека се онесвестила додека учествувала во трка во Северна Каролина и ѝ била дадена кардиопулмонална реанимација пред итно да биде однесена во болница, каде подоцна доживеала втор срцев застој и била ставена на апарати за одржување во живот поради проблеми со срцето и белите дробови.
Самуеле Ричи е на чекор од преселба од Милан во Комо, а според информациите на Tuttomercato, преговорите се во завршна фаза. Двата клуба веќе имаат постигнато принципелен договор, а останува да се даде само формална согласност за реализација на трансферот. Италијанскиот репрезентативец би заминал во Комо на позајмица, за која клубот би платил два милиони евра. Во договорот ќе има и опција за откуп вредна 22 милиони евра, плус дополнителен еден милион евра низ бонуси. Со оваа формула, вкупната вредност на трансферот може да достигне околу 25 милиони евра, што е приближно сумата која Милан ја бараше за својот играч.…
Во организација на Кошаркарската федерација на Македонија, на 24 и 25 август во Скопје се одржа тренерската клиника, која на едно место обедини реномирани кошаркарски стручњаци, тренери од македонските клубови, како и голем број љубители на кошарката. Клиниката се одржа во култната сала на Работнички, која со гордост го носи името на еден од најпознатите и најпризнати македонски кошаркарски стручњаци, нашиот покоен Лазар Лечиќ – човек кој остави неизбришлива трага во македонската и пошироко во југословенската кошарка. Во текот на двата дена присутните имаа можност да проследат исклучително квалитетна и разновидна програма, посветена на современите трендови во кошарката, развојот на…
Потпишувањето на Жорж Нианг го комплетира списокот на Голден Стејт Вориорс за сезоната 2026-27. Стеф Кари сега ќе може да потпише продолжување на својот тековен договор почнувајќи од 29 август. Според инсајдерот Ентони Слејтер, клубот има намера веднаш да започне преговори за да го задржи 38-годишниот дефанзивец во тимот до крајот на неговата кариера. Кари одигра 17 сезони во Голден Стејт, носејќи му на тимот четири НБА титули.
Боксерскиот промотер Френк Ворен е уверен дека борбата меѓу Тајсон Фјури и Ентони Џошуа наскоро ќе биде официјално објавена. „Сигурен сум дека Турки Ал ел-Шеик наскоро ќе ја објави борбата. Знам дека има договорни проблеми меѓу Мачрум и Џошуа, но сум уверен дека ќе ги решат. Фјури веќе отпатува во Мајами за да се подготви. И двајцата сакаат да се борат на Вембли, но тоа е надвор од нивна контрола. Можеа да го одбијат, но тогаш немаше да ја добиеме борбата што сакаме да ја видиме. Со толку многу пари во прашање, борбата ќе се одржи во Америка. Дали ја…
Аталанта е заинтересирана за трансфер на крилниот напаѓач на Болоња, Џонатан Роу. Клубот од Бергамо понуди 40 милиони евра за 23-годишниот Англичанец, а дополнителни 5 милиони се вклучени во бонуси. Страните преговараат, а Џонатан изрази желба да се пресели во Аталанта. Минатата сезона, Роу постигна три гола и имаше две асистенции во 28 натпревари од Серија А.
