ПСЖ е подготвен да го раскине договорот со Ренато Санчес доколку играчот од средниот ред најде нов клуб. 29-годишниот Португалец ги помина последните три сезони на позајмица во Панатинаикос, Бенфика и Рома, а неговиот договор со Парижаните е до јуни 2027 година. Санчес веќе ги отфрли опциите во Саудиска Арабија и МЛС и сака да остане во Европа. Според „Фут Меркато“, играчот од средниот ред е исто така интересен за два клуба од француската Лига 1, како и за Ипсвич, Хал Сити, Торино и Унион Берлин.
Author: saso
Охриѓани имаат причини за засоволство за одличниот почеток на новата ракометна сезона. Два трофеи од најсилните летни ракометни турнири во Македонија и двата освоени против шампионот Вардар. Двете победи и двата трофеи сигурно ќе ја подигнат самодовербата на Охрид, но следната пресметка со Вардар ќе има поинаква тежина. На маса ќе биде првиот официјален трофеј за новата сезна, Суперкупот. Тренерот на Охрид, Борис Ројевиќ, вели дека неговите играчи не смеат да помислат дека двете победи во подготвителниот период значат дека истиот рецепт автоматски ќе функционира и следниот пат. „Ќе разговарам со момците. Треба да знаат дека во Суперкупот ќе мораме…
Амелиа Николов и Кристијан Станојковски ќе ја претставуваат Македонија на Европското првенство во Љубљана, Словенија кое ќе се одржи од 11 до 18 октомври. На најпрестижното континентално првенство ќе настапат учесници од 40 земји, а пред ЕП, Николов и Станојковски ќе поминат низ подготовки предводени од четирикратната светска шампионка Шанг Јининг од Кина. Ова ќе биде одлична можност за нашите најдобри пингпонгари да се престават на континенталниот собир.
Откако двапати колабираше во период од само неколку дена, германската ѕвезда од екипата на Баерн (М), Џамал Мусијала нема да биде вклучен во составот на баварците за натпреварот од Суперкупот на Германија против Борусија Дортмунд. Двата тима ќе се натпреваруваат за првиот трофеј оваа сезона во сабота. 23-годишниот фудбалер претходно на двата последни натпревари на Баерн Минхен против Лајпциг и Хајденхајм колабираше, поради што му беше укажана лекарска помош и веднаш беше заменет. Тој откри дека му е дијагностициран краткотраен удар предизвикан од невролошка дисфункција. Лекарите велат дека тоа нема да ја попречи неговата натамошна кариера. Тренерот на Баерн Минхен,…
Челзи го испрати Аксел Дисаси на позајмица во Кристал Палас. Клубовите усно се согласија за договор: Кристал Палас ќе ја плати цената за позајмица на дефанзивецот, а исто така ќе ги преземе и неговите обврски за плата. Денеска Дисаси ќе ги помине медицинските прегледи во својот нов клуб. Дисаси играше на позајмица во Вест Хем во текот на сезоната 2025/26.
Неверојатниот Швеѓанец Арманд Дуплантис вчера победи на натпреварите во скок со стап со нов рекорд на „Атлетисима“, 12-от натпревар од Дијамантската лига оваа сезона, во Лозана. Актуелниот олимписки шампион, како и светски и европски шампион, победи со скок од 6,21 метри, шест сантиметри повисоко од неговиот претходен рекорд во Лозана. Дуплантис се обиде и да скокне 6,32 метри, што е за еден сантиметар над светскиот рекорд што го постави на 12 март оваа година во неговиот роден град Упсала, но не успеа. Второто место му припадна на Гркот Емануил Каралис со скок од 6,16 метри. „Уморен сум. Ова беше неверојатно…
Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, значително ги подобри финансиските услови на својот договор. Според Ф1 Business Book GP, Верстапен речиси ја дуплирал својата плата според условите на неговиот нов договор со Ред Бул. Според условите на неговиот претходен договор, кој траеше до крајот на 2028 година, Верстапен заработуваше 65 милиони долари годишно во Ред Бул, со дополнителни 11 милиони долари во бонуси. Сега, платата на Верстапен ќе се зголеми на 92 милиони долари годишно почнувајќи од сезоната 2027. Вклучувајќи ги бонусите, годишната заработка на четирикратниот шампион во Формула 1 би можела да достигне 115 милиони долари.
Денес започнува XV Меѓународен фестивал на спортски филм – Златибор 2026, традиционален фестивал кој веќе 15 години ги собира спортот и филмот и претставува приказни од светот на спортот. Особено сме горди што „Легендите на сцена“, нашиот 17-минутен документарен филм создаден од Спортско радио 90.3 ФМ – Скопје, е избран во официјалната фестивалска програма. Филмот ја раскажува приказната за незаборавниот ракометен спектакл што го организиравме на 29 октомври 2025 година во СЦ „Јане Сандански“, по повод 20 години Спортско радио 90.3 ФМ. Пред речиси 4.000 гледачи, на едно место повторно се собраа легендите на македонскиот и европскиот ракомет – Кирил…
По состанокот на претседателите на членките на УЕФА со претседателот и Извршниот комитет на УЕФА, Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука да ја повлече својата поддршка за кандидатурата на Џани Инфантино за реизбор за претседател на ФИФА за периодот 2027–2031 година. За одлуката, ФФМ испрати и официјално писмено известување. Одлуката е донесена по внимателно разгледување на неодамнешните случувања и начинот на кој се води ФИФА, особено во делот на доброто управување, институционалниот интегритет и транспарентноста во односите со националните федерации. ФФМ смета дека довербата, отчетноста и отворениот дијалог мора да бидат темел на управувањето со светскиот фудбал. Најдобрите интереси на…
Македонскиот претставник Сарај од Скопје го освои четвртото место на меѓународната завршница на Плазма Спортските игри на младите во Сплит. Младите скопјани имаа одличен настап на големото финале, во кое настапуваат најдобрите екипи од земјите учеснички на Игрите. Сарај стигна до борбата за бронзениот медал, но во мечот за третото место не успеа да дојде до победата, па натпреварувањето го заврши на четвртата позиција. За Македонија ова е прво учество на меѓународната завршница на Спортските игри на младите, а настапот на Сарај и освоеното четврто место се уште еден доказ дека македонските млади спортисти можат рамноправно да се натпреваруваат на…
