Охриѓани имаат причини за засоволство за одличниот почеток на новата ракометна сезона. Два трофеи од најсилните летни ракометни турнири во Македонија и двата освоени против шампионот Вардар.
Двете победи и двата трофеи сигурно ќе ја подигнат самодовербата на Охрид, но следната пресметка со Вардар ќе има поинаква тежина. На маса ќе биде првиот официјален трофеј за новата сезна, Суперкупот.
Тренерот на Охрид, Борис Ројевиќ, вели дека неговите играчи не смеат да помислат дека двете победи во подготвителниот период значат дека истиот рецепт автоматски ќе функционира и следниот пат.
„Ќе разговарам со момците. Треба да знаат дека во Суперкупот ќе мораме да дадеме и до 30% повеќе за да можеме да бидеме рамноправни со комплетниот тим на Вардар“, вели тренерот на охриѓани.
Завршницата на Суперкупот е биде на 2 септември во Гевгелија.

