Кошаркарската федерација на Македонија со особено задоволство ја поздравува официјалната одлука на КК Арис од Солун, со која клубот потврдува дека нема никакви пречки Ненад Димитријевиќ да биде на располагање на македонската репрезентација од 16 август 2026 година и му посакува успех на нашиот национален тим. Оваа порака претставува значаен гест на спортска коректност и почит кон националните селекции, за што искрено му благодариме на раководството на Арис. Со ваквиот став на клубот, практично се отстранети сите евентуални дилеми околу клупските обврски на Ненад Димитријевиќ. Тоа е охрабрувачка вест за македонската кошарка и за сите љубители на спортот кои посакуваат…
Author: saso
Откако вчера го објавија новиот претседател на клубот Боро Атанасовски, од КК Маџари денеска го презентираа и новиот тренер за следната сезона. Станува збор за поранешниот селектор на сениорската репрезентација на Македонија, Марјан Илиевски. Илиевски застанува на чело на стручниот штаб на КК Маџари за сезоната 2026/27. Илиевски, кој е и еден од коосновачите на клубот и идеолог на овој проект, се враќа дома – во Маџари, каде ќе ја предводи екипата во домашното првенство и во нашето историско деби во АБА2 лигата. Тој е едно од најквалитетните имиња во македонската кошарка, со значајно меѓународно искуство, освојувач на трофеи и…
Зад нас е уште едно коло во натпреварувањата на УЕФА со тоа што сега од македонските клубови единствено жива е Шкендија која продолжува да не претставува во Конференциската лига. Шкендија го доби двомечот со словенечки Браво и оди на соочување со Хибернијан од Шкотска, додека пак Вардар славеше против Рига во нејзин терен (во 90 минути), меѓутоа падна во продолженијата и доживеа елиминација од европските купови. Кога се во прашање досегашните настапи, нашите клубови во Европа забележаа пет победи и со тоа се на средина на „табелата“ со уште девет држави. Ова е податок со кој излезе „Football Meets Data“,…
Македонската тениска репрезентација е дел од натпреварувањето „Summer cup“ што се одржува во Анкара. Ова се мечеви од Зоната Д, а македонскиот тим во состав Кристијан Јанев, Ерион Незири и Матеј Попов по два одиграни меча имаат една победа против Црна Гора со 3:0 и еден пораз од домаќинот Турција со 0:3. Во вчерашниот меч за пласман од 5-8. место Македонија ја победи Црна Гора со максимални 3-0 и денес, македонските тенисери ќе играат меч за 5. место, а противник ќе им биде Хрватска. Во финалето ќе играат Романија и Турција.
Светската куќа на фудбалот, ФИФА, се огласи како одговор на жестоките критики за планот за продажба на удели во нејзините натпреварувања на приватни инвеститори, велејќи дека продолжува со процесот на консултации. Оваа реакција доаѓа откако европските федерации објавија отворен отпор. Сите 55 членки на УЕФА најавија бојкот на Светското првенство доколку ФИФА продолжи со оваа намера. Предлогот беше категорично отфрлен и од КОНКАКАФ. ФИФА не се откажува од идејата да основа комерцијална „подружница“ наречена ФИФА Форвард Ентерпрајз (ФФЕ), која би го презела управувањето со клучните натпреварувања, вклучувајќи го и Светското првенство. Надворешните инвеститори би можеле да купуваат акции, при што…
Француската престолнина Париз од денеска е центарот на европските водени спортови, откако официјално започнува 38. Европско првенство во организација на European Aquatics. Во следните две недели најдобрите спортисти од Стариот континент ќе се натпреваруваат за медали во пет дисциплини – пливање, скокови во вода, уметничко пливање, далечинско пливање и скокови од големи височини. Голем дел од олимписките и светските шампиони ќе бидат во Париз, што ветува возбудливи трки, неизвесни финалиња и нови рекорди. Програмата денеска започнува со натпреварите во уметничко пливање и скокови во вода, додека пливачките дисциплини, кои традиционално привлекуваат најголемо внимание, ќе се одржат од 10 до 16…
Џејмс Харден го одложи потпишувањето на договорот со Кливленд поради ситуацијата со Вотсон. Кливленд и кошаркарот продолжуваат да преговараат за нов договор. Според новинарката на ESPN, Рамона Шелбурн, една од причините за одложувањето може да биде работата на тимот околу потенцијалните засилувања. „Тоа би можело да се случи наскоро. Прашањето е дали станува збор за двегодишен или тригодишен договор и како точно е структуриран – тоа е она што ја одредува сумата. Но, Кавалирс сè уште ги истражуваат своите опции со Пејтон Вотсон. Мислам дека затоа Џејмс им даде повеќе простор за преговори“, тврди Шелбурн. Претходно беше објавено дека Денвер…
Италијанскиот и светскиот фудбал загубиja една од своите најголеми икони. Утрово во 66. година од животот почина Франко Барези, според многумина, еден од најдобрите дефанзивци во историјата на оваа игра. Веста за смртта на легендата ја објави познатиот спортски новинар Фабрицио Романо. Барези ја посвети целата своја професионална кариера на Милан, каде што како долгогодишен капитен стана симбол на клубот и лидер на еден од најдоминантните тимови во историјата на фудбалот. Со италијанската репрезентација и „росонерите“, тој го одбележа златното доба на италијанскиот фудбал и остана пример за генерации дефанзивци ширум светот. Славниот капитен на „росонерите“ беше опериран во август…
Од 21 август до 3 септември, Таранто ќе биде местото каде македонските спортисти ќе го покажат она што го градат со години – посветеноста, дисциплината и љубовта кон спортот. Македонската делегација на Медитеранските игри во Таранто ќе има свои претставници во 19 спортови, поделени во индивидуални и екипни дисциплини. Меѓу имињата кои ќе ја предводат македонската делегација се спортисти со значајни достигнувања на меѓународната сцена. Дејан Георгиевски, олимпискиот вицешампион во таеквондо, повторно ќе биде дел од голем спортски предизвик, додека Милијана Рељиќ продолжува да го гради својот пат меѓу најдобрите таеквондистки во светот. Во атлетиката, Македонија ќе ја претставува Дарио…
Фудбалскиот шампион на Македонија, Вардар ja заврши својата европска авантура летово откако вечерва по продолженија загуби на гостувањето кај Рига со 5-2 во реваншот од 2. коло од Конференциската лига на УЕФА. Тренерот на Вардар, Кристијан Фабијани, по натпреварот даде своја оценка на дуелот во Рига. „Три минути не делеа од посакуваниот резултат. На терен стоевме перфектно, екипата доста беше координирана и имаше ред во играта. Тактички ги затворивме сите приоди иако игравме скоро 80 минути во регуларниот дел со играч помалку. По примениот гол веќе не можевме уште цели 30 минути со играч помалку. Презадоволен од тоа како екипата…
