Марио Хезоња постигна договор со Кливленд Кавалирс, но неговото враќање во НБА е сè уште под знак прашалник поради спор со Реал Мадрид. Хрватскиот репрезентативец наводно се согласил на едногодишен договор вреден 2,8 милиони долари, но Кливленд сè уште официјално не го потврдил неговото доаѓање. Проблемот е договорот што Хезоња го има со Реал , односно толкувањето на клаузулата за излез од НБА. Мадрид тврди дека на 20 јули, последниот ден од рокот, Хезоња го информирал клубот само дека сака да си замине, но дека не доставил доказ за ангажман во НБА, ниту платил откупна клаузула од околу еден милион…
Author: saso
Германски „Билд“ ги негираше претходните наводи дека Ред Бул сака да ја откупи клаузулата за предвремено раскинување на договорот на Макс Верстапен која важи до 2028 година. Според претходно споменатата опција, возачот има право да го раскине договорот ако заврши пониско од второто место во пласманот на возачи пред летната пауза. Големата награда на Унгарија беше последната пред сезонската пауза; по овој настан, Верстапен е шести во шампионатот. Сега Макс може да ја искористи клаузулата, но не брза да донесе одлука, бидејќи неговиот договор бара од него да донесе одлука до октомври. Ред Бул сака да го реши проблемот што…
Италијански „Тутоспорт“ пишува дека спортскиот директор на Јувентус, Рики Масара, има намера да го искористи одличниот однос со околината на мароканскиот репрезентативец Брахим Диаз за да го доведе во Торино. Диаз долго време се поврзува со клубот од Торино, а тие не се откажале од идејата да го потпишат, особено по најновите засилувања кои Мурињо ги донесе во Реал и кои сигурно ќе го ограничат ремето за игра на Мароканецот. Идејата на шефот на „бјанконерите“ е да ја повтори формулата што Милан ја користеше пред некое време. Во 2020 година, играчот од средниот ред им се придружи на „росонерите“ како…
Лондонски Тотенхем е заинтересиран да го купи крилниот напаѓач на Манчестер Сити, Савињо, кој вчера побара од клубот да биде продаден ова лето. 22-годишниот Бразилец сака да го напушти Манчестер и се согласил на трансфер во лондонскиот клуб, информирајќи го раководството на Сити. Преговорите меѓу клубовите се во тек. Движечката сила зад овој трансфер е новиот менаџер на Сити, Роберто Де Зерби, кој го гледа 22-годишниот Бразилец како идеално засилување за нападот на тимот. Минатата сезона, Савињо одигра 36 натпревари за Манчестер Сити, постигнувајќи четири гола и задавајќи три асистенции.
Фудбалерите на Вардар не успеаја да направат комплетно изненадување во Рига и да обезбедат пласман во 3. коло од квалификациите во Конференциската лига. Во регуларните 90 минути од реваншот Вардар беше на чекор до сензација, откако со играч помалку (во 20 минута беше исклучен Најдоски) до 87. минута водеше со 0:2 со головите на Бабунски (17′) и Омерагиќ (66′), но притисокот кој го направија домашните од 20-тата минута до крајот на мечот, по бројните пропуштени шанси им донесе среќа во 87. минута. Таиво погоди за 1:2 и за продолженија. Во дополнителните 30 минути „вардарци“ ниту имаа сила, ниту идеја како…
Германската фудбалска федерација (ДФБ) денес го потврди назначувањето на Јирген Клоп за селектор на Германија. Назначувањето доаѓа по отказот за Нагелсман и елиминирањето на Германија во осминафиналето на Светското првенство во ФИФА 2026 година од Парагвај. Германската федерација брзо презеде чекори за да започне преговори со поранешниот тренер на Борусија Дортмунд и Ливерпул, Клоп, кој работеше како коментатор за MagentaTV во Северна Америка, покрај неговата улога како раководител на глобалниот фудбалски тим на Ред Бул. Според „Билд“, ДФБ нема да му плати на Ред Бул компензација за да го ослободи Клоп од договорот и наместо тоа ќе донира 1 милион…
Со натпреварот меѓу Тиквеш и Арсими денеска од 17 часот стартува 35-ти шампионат на Македонија во Првата фудбалска лига. Од оваа сезона повторно враќање на 10 екипи во елитното друштво со сериозна битка за титулата, но и далеку понеизвесна битка за опстанок. Шампионот Вардар и тетовска Шкендија ќе бидат водечките две екипи кои ќе се борат за новиот трофеј, а изненадување посакуваат и останатите состави. Две екипи на крајот по 36 одиграни кола ќе мора да ја напуштат елитата, а екипата која ќе биде осмопласирана ќе мора да игра бараж. ДЕНЕСКА (17 ч.) Тиквеш – Арсими САБОТА 17:00 Струга –…
Аргентинскиот дефанзивец Николас Отаменди (38) го објави своето повлекување од националниот тим, за кој играше 17 години, запишувајќи 139 настапи. Отаменди ја освои светската титула (2022) со дресот на „Гаучосите“, две титули на Копа Америка (2021, 2024) и сребро на неодамна завршеното Светско првенство во САД, Канада и Мексико. „Денес морам да ги напишам најтешките зборови во мојата кариера. Судбината сакаше мојот последен натпревар да биде финалето на Светското првенство. Тоа не беше резултатот што го сакавме, но си заминувам со крената глава, знаејќи дека овој тим даде сè од себе до последната секунда. Ти благодарам, Аргентина, што ми дозволи…
Рома не успеа. Крилниот напаѓач Крисенсио Самервил се сели во Ал-Хилал со перманентен договор од англиски Вест Хем. 24-годишниот фудбалер ги помина медицинските прегледи во Амстердам и потпиша четиригодишен договор со клубот од Саудиска Арабија. Напаѓачот ќе биде платен 70 милиони евра, вклучувајќи ги и бонусите. Минатата сезона, Самервил постигна шест гола и имаше две асистенции во 31 натпревар во Премиер лигата. По завршувањето на Светското првенство, италијанска Рома беше во сериозни преговори за неговиот потпис, но не успеа да го донесе Холанѓанецот на „Олимпико“.
Ѕвездата на Милан, Рафаел Леао, продолжува да размислува за својата иднина, а Фенербахче е подготвен да направи голем чекор за евентуален договор со Португалецот. Според италијански извори, играчот се предомислува за трансфер во турски клуб, но Турците се сериозни во намерите да го донесат. „МиланЊуз“ објави дека Фенербахче – по Галатасарај, е подготвен да го интензивира притисокот за негов потпис. Претставник на клубот наскоро ќе биде во Италија и ќе разговара со адвокатите на Португалецот. Милан бара 60 милиони евра за негова продажба, но Фенербахче најверојатно ќе оди на варијантата за позајмица, па перманентен договор од следната сезона.
