Author: saso

Шпанскиот крилен напаѓач Алекс Баена изјави дека тој и неговите соиграчи ја почитуваат Франција пред полуфиналето денеска, но инсистираше дека нема да чекаат бура да избувне пред нивната врата. „Четирите напаѓачи имаат одличен турнир и ќе мора да ги следиме. Но, ќе се обидеме да ги натераме да нè гледаат повеќе отколку што ние ги гледаме нив“, изјави Баена за новинарите во понеделник. „Нашата сила е да ја имаме топката, да ја држиме во напад и да се погрижиме да нè напаѓаат што е можно помалку. Да се ​​надеваме дека тоа ќе биде случај и утре“, додаде играчот на Атлетико…

Read More

Македонската машка кошаркарска репрезентација „Под 20“ години отпатува за Братислава, каде од 10 до 19 јули ќе настапи на Европското првенство – Дивизија „Б“. Пред младите кошаркари е нов предизвик и можност да ги покажат своите квалитети на европската сцена, носејќи го со гордост македонскиот дрес. Нашата селекција се најде во група со репрезентациите на Шведска, Словачка, Ирска и Азербејџан.

Read More

Египетската фудбалска асоцијација поднесе официјален протест до ФИФА во врска со судењето на осминафиналниот натпревар од Светското првенство во 2026 година против Аргентина (2:3). Африканците се незадоволни од некои од одлуките донесени од судијата Франсоа Летексие, кој, според нив, одиграл „одлучувачка улога“ во победата на противникот. Во својата жалба, Египетската фудбалска асоцијација побара истрага за контроверзните инциденти на натпреварот и побара францускиот судиски тим да биде суспендиран.

Read More

Аргентинецот Факундо Тељо е назначен за судија на четвртфиналниот натпревар на Светското првенство во 2026 година помеѓу Франција и Мароко, кој ќе се одржи на 9 јули во Бостон. Помошни судии: Габриел Чаде, Хуан Пабло Белати. Четврт судија: Дарио Херера. ВАР асистент: Кристијан Наваро. Англичанецот Мајкл Оливер ќе го суди четвртфиналниот натпревар меѓу Шпанија и Белгија, кој ќе се одржи на 10-ти во Лос Анџелес. Резервен судија: Рамон Абати од Бразил.

Read More
NBA

Легендарниот НБА кошаркер, Кајл Лаури го објави своето повлекување од професионалната кошарка. За таа цел, 40-годишниот кошаркар потпиша симболичен еднодневен договор со Торонто, со што официјално го заврши своето 20-годишно патување во НБА со клубот каде ги забележа најголемите успеси во неговата кариера. „Им благодарам на моето семејство, пријателите, соиграчите, тренерите и особено на навивачите. Ви благодарам, Торонто. Ви благодарам, Канада. Официјално е – се повлекувам како играч на Торонто Репторс“, рече Лаури во проштална видео порака. Во девет сезони со „Репторс“, бекот беше шесткратен учесник во НБА Ол-стар натпреварот и му помогна на тимот да ја освои својата прва…

Read More

Дефанзивецот на Лацио, Марио Гила, се сели во Милан. Клубовите постигнаа договор за трансферот на 25-годишниот шпански фудбалер, според инсајдер Фабрицио Романо. Милан претходно се согласи на петгодишен договор со Гила вреден 5 милиони евра годишно. Реал Мадрид ќе добие 50% од трансферот за играчот од академијата – на мадридскиот клуб ќе му бидат платени приближно 15 милиони евра.

Read More

Со победата над Ирска во петтото коло од претквалификациите за ФИБА Евробаскет 2029, машката сениорска репрезентација на Македонија ја исполни првата задача во квалификацискиот циклус. Нашиот национален тим го обезбеди првото место во групата „А“ и со тоа пласман во втората рунда од претквалификациите. Иако до крајот на оваа фаза останува уште гостувањето кај Луксембург, на 5 јули, Македонија веќе не може да биде симната од лидерската позиција во групата. Во втората рунда, која започнува на 27 август, ќе настапат вкупно 12 репрезентации. Покрај четирите најдобро пласирани селекции од првата рунда на претквалификациите, место ќе обезбедат и осумте национални тимови…

Read More

Ракометниот шампион на Македонија, екипата на Вардар, денеска ги добни противниците во групната фаза на најсилното европско натпреварување, ЕХФ Лигата на шампионите. Денешната ждрепка во Виена сакаше двократниот европски првак од Скопје во групната фаза за ривали да ги добие екипте на Нант, Мелсунген и Висла Плок. Од оваа сезона во европската елита ќе се игра по нов формат, откако ЕХФ одлучи за проширување на Лигата на шампионите од 16 на 24 екипи. Стартот на првата групна фаза е закажан за во септември, а распоредот се очекува да биде познат во наредните денови.

Read More

Откако вчера обезбеди историски настап на главниот турнир на Вимблдон, нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа денеска ја доби и противничката за првото коло на турнирот. Нашата тенисерка немаше среќа па во премиерната рунда ќе мора да се справи со шестата тенисерка во светот, моментно, Американката Аманда Анисимова. Анисимова има 24 години и е во врвот на светкиот тенис. Останува да го донечаке терминот за натпреварот, а Лина добро да се подготви за следниот голем предизвик.

Read More

Македонскиот репрезентативен напаѓач, Елмин Растодер, е пред трансфер во грчки Панатинаикос. Веста ја објавија спортските портали во Грција, потенцирајќи дека атинските „зелени“ се на чекор до комплетирање на уште еден важен трансфер, бидејќи Елмин Растодор останува само формално да го потпише договорот со нив. Преговорите со Тун се во напредна фаза и, според последните информации, постои оптимизам дека договорот ќе биде склучен за 24 часа, за да може 24-годишниот напаѓач што поскоро да му се стави на располагање на тренерот на Панатинаикос, Јакоб Ниструп. Македонскиот репрезентативец веќе некое време е клучна цел на Панатинаикос како најдобар напаѓач во швајцарското првенство.

Read More