Дефанзивецот на Лацио, Марио Гила, се сели во Милан.
Клубовите постигнаа договор за трансферот на 25-годишниот шпански фудбалер, според инсајдер Фабрицио Романо. Милан претходно се согласи на петгодишен договор со Гила вреден 5 милиони евра годишно.
Реал Мадрид ќе добие 50% од трансферот за играчот од академијата – на мадридскиот клуб ќе му бидат платени приближно 15 милиони евра.

