Од 21 август до 3 септември, Таранто ќе биде местото каде македонските спортисти ќе го покажат она што го градат со години – посветеноста, дисциплината и љубовта кон спортот. Македонската делегација на Медитеранските игри во Таранто ќе има свои претставници во 19 спортови, поделени во индивидуални и екипни дисциплини.
Меѓу имињата кои ќе ја предводат македонската делегација се спортисти со значајни достигнувања на меѓународната сцена. Дејан Георгиевски, олимпискиот вицешампион во таеквондо, повторно ќе биде дел од голем спортски предизвик, додека Милијана Рељиќ продолжува да го гради својот пат меѓу најдобрите таеквондистки во светот. Во атлетиката, Македонија ќе ја претставува Дарио Ивановски, националниот рекордер во маратон, а свои настапи ќе имаат и Анастасија Мојсовска во стрелаштво, Никола Ѓуретановиќ во пливање, Владимир Егоров и Магомедгаџи Нуров во борење, како и останатите македонски репрезентативци.
Најмладиот член на македонската делегација е тенисерката Сара Митевска, додека најискусен спортист е Лука Заложник во коњичкиот спорт. Во составот на нашата делегација ќе биде и фудбалската репрезентација до 21 година, како дел од тимовите во екипните спортови. Во Таранто ќе настапи и женската одбојкарска репрезентација, која ќе настапи со најсилниот состав.
Со ова учество, Македонија по четвртипат како независна држава ќе биде дел од Медитеранските игри.

