Фудбалскиот шампион на Македонија, Вардар ja заврши својата европска авантура летово откако вечерва по продолженија загуби на гостувањето кај Рига со 5-2 во реваншот од 2. коло од Конференциската лига на УЕФА. Тренерот на Вардар, Кристијан Фабијани, по натпреварот даде своја оценка на дуелот во Рига.
„Три минути не делеа од посакуваниот резултат. На терен стоевме перфектно, екипата доста беше координирана и имаше ред во играта. Тактички ги затворивме сите приоди иако игравме скоро 80 минути во регуларниот дел со играч помалку. По примениот гол веќе не можевме уште цели 30 минути со играч помалку. Презадоволен од тоа како екипата беше поставена на теренот и како се бореше“, изјави Фабијани по натпреварот.

