Машката одбојкарска репрезентација на Македонија попладнево во софиската арена „8888“ го почнува својот четврти настап на Европските првенства. Во првиот меч на шампионатот Македонија за противни го има светскиот вицешампион Бугарија. „Ги одработивме последните два официјални тренинзи и се наоѓаме непосредно пред натпреварот со еден од фаворитите во оваа наша група, за која знаеме дека е една од најтешките групи на ова Европско првенство. Се сретнаме во хотелот со сите, мислам, европската и светската елита на овој наш спорт. Импресиите се позитивни. Мислам дека сите живееме за ова Европско првенство, за првите впечатоци кои ќе ги доживееме на спектакуларното отварање,…
Author: saso
Во „Куќа на фудбалот“, претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ одржа работен состанок со претставниците на раководствата на клубовите од Првата македонска фудбалска лига. На состанокот присуствуваше и комесарот за натпреварување, а клубовите имаа можност директно да ги отворат сите прашања, предлози и теми за кои сметаат дека се од значење за развојот на македонскиот фудбал. Претседателот на ФФМ ги информираше претставниците на прволигашите дека, за првпат по повеќе децении, клубовите од највисокиот ранг ќе имаат свои претставници, делегати во Собранието на ФФМ. Со тоа, клубовите директно ќе можат да учествуваат во работата на највисокото тело на Федерацијата и да придонесуваат…
Македонскиот напаѓач Бојан Миовски би можел да добие нова шанса во Ренџерс, откако повредата на капитенот Лоренс Шенкленд ги промени плановите на шкотскиот гигант за македонскиот репрезентативец. Според „Фудбал Инсајдер“, Ренџерс сега планира да му даде значително поголема минутажа на Миовски во следните месеци, а доколку тој ја искористи шансата, клубот е подготвен да размислува и за негово останување на „Ајброкс“ по јануарскиот преоден рок. Според „Фудбал Инсајдер“, тој во текот на летото сакал да го напушти Ренџерс и сè уште размислувал за трансфер во јануари. Сепак, повредите и новонастанатата ситуација може целосно да ја променат приказната.
Голема загриженост на „Сигнал Идуна Парк“ предизвика Константинос Карецас, кој мораше да го напушти натпреварот меѓу Борусија Дортмунд и Виљареал во Лигата на шампионите поради проблеми со циркулацијата. 19-годишниот грчки репрезентативец во 23. минута сам се спушти на тревникот, без да има контакт со противнички играч. Медицинската екипа веднаш му пружи помош, по што Карецас беше изнесен на носилки и заменет со Етан Нванери. Борусија Дортмунд соопшти дека Карецас е во стабилна состојба, со оглед на околностите, и дека бил пренесен во болница на дополнителни медицински прегледи. Навивачите на Дортмунд го испратија младиот фудбалер со аплауз, додека клубот допрва ги…
Кавај Ленард повторно ќе биде играч на Торонто Репторс, клубот со кој во 2019 година ја освои НБА титулата. Трансферот од Лос Анџелес Клиперс во Торонто беше ставен на чекање поради истрагата на НБА за потенцијално заобиколување на правилата за „salary cap“. По завршувањето на истрагата, лигата го казни Ленард со 700.000 долари, додека Клиперс добија рекордна казна од 30 милиони долари и останаа без пет пика од првата рунда на драфтот. Ленард изјави дека ја презема одговорноста за пропустите во својот тим и порача дека е фокусиран на враќањето во Торонто. НБА потврди дека нема да му биде поништен…
Капитенот Лоренцо Пелегрини се враќа во составот на Рома и би можел да биде меѓу повиканите фудбалери за натпреварот против Фенербахче во првото коло од новата сезона во Лигата на шампионите. Италијанскиот репрезентативец веќе околу една недела тренира со остатокот од тимот, а постепено го зголемува интензитетот на тренинзите. Според информациите на „Газета дело Спорт“, Пелегрини повторно е целосно на располагање на тренерот Џан Пјеро Гасперини. Сепак, малку е веројатно капитенот на Рома да добие минутажа во Истанбул. Многу пореална опција е неговото враќање да биде постепено, почнувајќи со место на клупата.
Капитенот на Интер, Лаутаро Мартинес, жали што неговиот тим не успеал да извлече барем бод од гостувањето кај Реал Мадрид, иако според него „нераѕурите“ одиграле подобар натпревар. „Игравме многу подобро од Реал, но две грешки нè чинеа прескапо. Не заслуживме да загубиме“, изјави Лаутаро по поразот од 2:1. Интер во првото полувреме имаше дури 70 отсто посед и 12 удари кон голот, но на паузата губеше со 0:2. Реал ги казни грешките на Јан Бисек и голманот Жозеп Мартинез, додека Тибо Куртуа со неколку одлични интервенции го одржа домашниот тим во предност.
Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртoа, призна дека натпреварот со Интер можел да има сосема поинаков епилог. „Мечот можеше да заврши 4:4. Ние ги искористивме нивните грешки, а тие речиси до самиот крај не успеаја да постигнат гол. Можевме и порано да го решиме натпреварот“, изјави Куртуа по победата од 2:1. Белгиецот посочи дека Реал немал доволно контрола врз играта и дека тимот во одредени моменти требало да се повлече и подобро да ја сочува топката.
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа по настапот во квалификациите на УС опен денеска го имаше првиот меч на ВТА 125 турнирот во Анталија, што се игра за награден фонд од 115.000 американски долари. Таа во првото коло ја елиминираше седмата носителка Миа Ристиќ од Србија. Ѓорческа триумфираше со 2-0 во сетови (61 63) за 86 минути игра. Во првиот сет Ѓорческа со два брејка стигна до водство од 4:0 во гемови, а потоа во седмиот гем по 16 одиграни поени ја искористи четвртата сет топка и поведе со 1-0 во сетови. Во вториот сет македонската тенисерка направи брејк во четвртиот гем…
Вардар е новиот освојувач на македонскиот Суперкуп, откако во вистински ракометен трилер го совлада Охрид со 32:31 на мечот во Гевгелија. Охриѓани одлично го отворија натпреварот, Вардар го доби полувремето, а во вториот дел гледавме вистинска бркотница, која на крајот Вардар ја реши во своја полза со гол од пенал и фантастична одбрана на голманот Валах по која „црвено-црните“ ја почнаа прославата на првиот сезонски трофеј на домашната сцена. За Вардар ова е петти Суперкуп трофеј, со што останува најуспешниот клуб во историјата на ова натпреварување.
