Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ на состанок со претставниците на клубовите од Прва МФЛ
    Фудбал

    Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ на состанок со претставниците на клубовите од Прва МФЛ

    sasoBy saso09/09/2026No Comments3 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Во „Куќа на фудбалот“, претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ одржа работен состанок со претставниците на раководствата на клубовите од Првата македонска фудбалска лига. На состанокот присуствуваше и комесарот за натпреварување, а клубовите имаа можност директно да ги отворат сите прашања, предлози и теми за кои сметаат дека се од значење за развојот на македонскиот фудбал.

    Претседателот на ФФМ ги информираше претставниците на прволигашите дека, за првпат по повеќе децении, клубовите од највисокиот ранг ќе имаат свои претставници,  делегати во Собранието на ФФМ. Со тоа, клубовите директно ќе можат да учествуваат во работата на највисокото тело на Федерацијата и да придонесуваат со свои предлози, идеи, критики и иницијативи.

    Досега, преку општинските фудбалски сојузи, прволигашките клубови немаа директно влијание во работата на Собранието на ФФМ. Одлуката беше поздравена од страна на клубовите, кои ја оценија како значаен чекор за поголема вклученост и унапредување на клупскиот фудбал.

    „Јас не се кријам зад Федерацијата, а не треба ниту клубовите да се кријат зад соопштенија. Се што сметаат дека треба да се подобри, сите предлози и идеи, можат директно преку органите на Федерацијата да ги предложат и достават. Само преку отворена комуникација можеме да дојдеме до решенија“, истакна Масар Омерагиќ на состанокот.

    Посебно внимание беше посветено и на инфраструктурата и условите за одигрување на натпреварите. ФФМ ја истакна подготвеноста, заедно со општините и сопствениците на клубовите, да учествува во подобрувањето на инфраструктурните услови, но преку заеднички проекти и инвестиции.

    На клубовите им беше дадена можност самите да ги определат приоритетите, дали тоа ќе биде изградба или подобрување на терените, поставување рефлекторско осветлување или друг инфраструктурен проект.

    Од ФФМ беше нагласено дека Федерацијата не е во можност самостојно да ги финансира сите инфраструктурни потреби на клубовите, особено имајќи ја предвид состојбата со средствата наменети за инфраструктурата, кои во последните два месеци од претходното раководство се искористени за два проекти во вкупна вредност од околу пет милиони евра.

    Приоритет на актуелното раководство на ФФМ остануваат Првата лига и младинскиот фудбал. Во исто време, беше потенцирано дека клубовите, како акционерски друштва, имаат сопствена одговорност за создавање соодветни услови на стадионите.

    „Потребна е коректна и партнерска релација меѓу Федерацијата и клубовите. Ние како ФФМ ќе направиме се што е во наша можност и што сметаме дека е потребно за да го подигнеме нивото на натпреварувањето“, беше порачано на состанокот.

    Претставниците на клубовите изразија задоволство од одржаниот состанок и ја поздравија идејата ваквите средби да станат редовна практика. Покрај одредени оперативни забелешки поврзани со приемот и пристапот на тимовите на стадионите, кои произлегуваат од ограничените можности на дел од објектите, клубовите немаа дополнителни забелешки во однос на организацијата на натпреварувањето.

    Напротив, од страна на прволигашите беше истакнато задоволство од нивото на транспарентност, како во однос на судењето, така и во однос на целокупната организација и спроведување на натпреварувањето.

    Состанокот претставува уште еден чекор кон отворен дијалог и воспоставување партнерски однос меѓу ФФМ и клубовите, со заедничка цел,  создавање подобри услови и подигнување на квалитетот на македонскиот клупски фудбал.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.