Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртoа, призна дека натпреварот со Интер можел да има сосема поинаков епилог.
„Мечот можеше да заврши 4:4. Ние ги искористивме нивните грешки, а тие речиси до самиот крај не успеаја да постигнат гол. Можевме и порано да го решиме натпреварот“, изјави Куртуа по победата од 2:1.
Белгиецот посочи дека Реал немал доволно контрола врз играта и дека тимот во одредени моменти требало да се повлече и подобро да ја сочува топката.

