Боксерскиот промотер Френк Ворен е уверен дека борбата меѓу Тајсон Фјури и Ентони Џошуа наскоро ќе биде официјално објавена.
„Сигурен сум дека Турки Ал ел-Шеик наскоро ќе ја објави борбата. Знам дека има договорни проблеми меѓу Мачрум и Џошуа, но сум уверен дека ќе ги решат. Фјури веќе отпатува во Мајами за да се подготви. И двајцата сакаат да се борат на Вембли, но тоа е надвор од нивна контрола. Можеа да го одбијат, но тогаш немаше да ја добиеме борбата што сакаме да ја видиме. Со толку многу пари во прашање, борбата ќе се одржи во Америка. Дали ја сакам оваа борба на Вембли? Да. Дали навивачите ја сакаат? Да. Но, во моментов, сè е во рацете на телевизиските куќи, кои сакаат борбата да се одржи во САД. Мислам дека ќе биде почетокот на ноември“, изјави Ворен.

