Шефот на Вилијамс во Формула 1, Џејмс Валс, изјави дека финансиските ограничувања не успеаја да ги изедначат условите за натпреварување туку го зголемија јазот помеѓу водечките тимови и другите учесници.
„Во последните 130 трки видовме само еден победник кој не е дел од водечката четворка. Мерките што ги воведовме всушност им донесоа корист на водечките тимови“ – дециден беше Валс.
„ Сега освојуваме помалку поени а инвестираме многу повеќе отколку пред воведувањето на ограничувањето на буџетот“ – вели Валс.

