Германскиот атлетичар, Мохамед Абдилахи, ја надмина повредата и го потврди своето учество на атлетскиот митинг во сала во Дортмунд, кој ќе се одржи на 23 јануари.
Абдилахи годинава имаше најдобри резултати на 3.000 и 10.000 метри, но, неговата сезона беше прекината во јули поради повреда.
Тој последен пат настапи на трката од Дијамантската лига во Лондон кога не успеа да дојде до целта.

