Јорданчо Давитков по 15 години интернационална кариера реши се врати на кормилото на кошаркарскиот состав Струмица. Поранешниот наш селектор во изминатиот период работеше во Обединетите Арапски Емирати, во Кувајт и на Исланд. Неговиот нов клуб во сезонава игра очајно и се наоѓа на дното на табелата со само два триумфа. Првиот меч на Давитков како тренер на Струмица треба да биде на 5. февруари на теренот на Феникс.
Author: dino
Медиумите од Италија пренесуваат дека фудбалерот, Милан Шкрињар, им ветил на сите во клубот и на фановите на „нероаѕурите“ дека ќе го даде максимумот до крајот сезоната иако не прифати да ја продолжи соработката . Познато е дека дефанзивецот ќе остане во Интер до летото а потоа ќе замине во ПСЖ како слободен играч. Интернационалецот од Словачка треба да се врати во составот за дербито со Милан но, нема да ја носи капитенската лента.
Италијанската фудбалска федерација би можела да го казни Јуве со одземање на нови 20 бодови поради нерегулирани плати, објавија медиумите во земјата. Целиот процес на истрага ќе се одвива во март додека одлуката дали ќе има нови санкции се очекува во април или мај. Познато е дека „старата дама“ неодамна беше санкционирана со одземање на 15 бодови по што падна кон средината на табелата во Серија А. Доколку клубот од Торино повторно остане без бодови, тогаш ќе падне на дното во рангирањето.
Сите обвиненија за Мејсон Гринвуд за обид за силување, напад и контролирано и присилно однесување, денеска се отфрлени, соопштија медиумите во Британија. Тоа значи дека младиот фудбалер на Манчестер Јунајтед е ослободен по сите точки и нема да биде санкциониран. Обвинителството објави дека главните сведоци одбилe да соработуваат а се појавиле и нови докази. Ќе потсетиме дека Гринвуд беше уапсен пред една година откако неговата девојка на социјалните мрежи објави фотографии на кои има модринки и крв по нејзиното тело како резултат на тепањe а се пожали и дека била принудена на секс. Тогаш Јунајтед го суспендираше а компанијата -…
Француски весник Л’Екип, тврди, дека напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе, ќе мора да паузира околу 20-на дена поради повредата добиена на вчерашниот меч против Монпелје во рамките на Лига 1. Во наредните 48 часа брзоногиот фудбалер ќе оди на детални лекарски прегледи за да се утврди степенот на неговата повреда и времето за рехабилитација. Во секој случај се доведува под знак прашалник неговиот настап против Баерн Минхен во првата елиминациска средба во Лигата на шампионите закажана за 14 февруари на „Паркот на принцовите“.
Поранешниот Формула 1 возач, Педро де ла Роса, бара шпанските фанови да престанат да „живеат во минатото“ и да се обидат да го ценат фактот дека имаат двајца сонародници во светскиот шампионат: Фернандо Алонсо и Карлос Саинц. „Изгледа дека во Шпанија луѓето живеат со спомените од 2005, 2006, 2007 година, кога Алонсо освои две титули во три сезони а потоа одат директно во 2010 и 2012 година“ – изјави Де ла Роса. „На реалноста мораме да гледаме од друг агол. Неверојатно е за која било земја да има возач во Ф1 а ние имаме двајца одлични“ – вели Роса.
Менаџерот на фудбалерите на Тотенхем, Антонио Конте, се соочува со здравствени проблеми. Лекарските прегледи утврдиле дека има воспалено жолчно кесе. Бидејќи оперативниот зафат е закажан, Италијанецот ќе го пропушти дербито против Манчестер Сити во текот на наредниот викенд. „Антонио Конте денеска ќе биде положен на операција за отстранување на жолчното ќесе и ќе се врати по периодот на опоравување“ – објавија „спарси“.
Светскиот шампион на 1500 метри, Џејк Вајтман, откако ја повреди ногата на тренинг, ќе мора да ја пропушти сезоната во сала и Европското првенство во Истанбул. Шкотланѓанецот го истегна зглобот на подготовки во Јужна Африка и принудно се врати во Британија. „Со нетрпение ја очекував сезоната во сала но, сега фокусот е да се вратам на трчањето што е можно побрзо“ – напиша 28-годишниот атлетичар на – „Инстаграм“.
Првите луѓе на Манчестер Јунајтед во последниот ден од преодниот рок успеаја да го земат Марсел Сабицер од Баерн Минхен како замена за Кристијан Ериксен кој ќе мора да паузира подолг период. Според медиумите во Англија, „црвените ѓаволи“ првично сакале да дојдат до услугите на поранешниот играч на Реал Мадрид Иско или Вард од Лион но, не успеале во намерата. „Скај Спортс“ додава дека тренерот Тен Хаг сакал да купи уште еден играч на Баварците, Рајан Гравенберг, кој минатото лето се пресели на „Алијанц Арена“.
Фудбалерот на Челзи, Михајло Мудрик, ќе биде под истрага на ФА поради клипот во јули 2022 година во кој ги цитира стиховите на песната „Слободен стил“ во кои го има зборот – „црнец“, кој ФА го оквалификува како неприфатлив. Споменатиот клип на Мудрик беше прегледан 214.000 пати пред да го симне. Поранешниот играч на Шахтјор (Доњецк) дури се извини што го употребил дотичниот збор. Украинецот беше критикуван и од групата – „Kick It Out“ која се бори против расизмот во фудбалот.