На годинешново 57. издание доделување на наградите „13 Ноември“, од страна на Сојузот на спортови на Скопје, Уредникот на Спортско радио 90.3 фм, Сашо Кузмановски, ја доби наградата за спортско новинарство.
Тој годинава одбележува јубилеј, 30 години во спортското новинарство и исто толку години пред микрофонот на радиото.

„Наградата претставува валоризација и за тридецениската работа на единственото Спортско радио во Македонија, кое со успех и денес продолжува да работи за спортот и афирмацијата на новите спортски надежи“ – изјави Кузмановски на свечената церемонија.

