Author: dino

Марко ван Бастен, кој направи извонредна кариера во Италија, не е импресиониран од напредокот на неговиот холандски сонародник Матијас Де Лихт во Серија А. Пред две сезони, младиот играч ја одбра понудата на Јувентус со надеж дека ќе научи нови работи и дека ќе напредува. Сепак, поранешниот напаѓач дека поранешниот капитен на Ајакс направил напредок. „Матијас отиде во Италија да се развива како дефанзивец, но мислам дека тој не научи многу. Тој мора да научи како да ја води одбраната – да се слушна неговиот збор кога е на теренот “, изјави Ван Бастен.

Read More

Дефанзивецот на Рома и на слекцијата на Италија, Леонардо Спинацола може да ја продолжи кариерата во Реал Мадрид, објави на Твитер новинарот Николо Шира. Според изворот, клубот од Мадрид сè уште не упатил официјално барање за играчот, но побарал информации за 28-годишниот дефанзивец. Рома е подготвена да го ослободи фудбалерот за 30 милиони евра. Договорот на Италијанецот со Рома е до летото 2024 година.

Read More

Капитенот на македонската одбојкаркарска репрезентација, Никола Ѓорѓиев, кој е дел од „фалангата“ во Романија, не крие дека е голем оптимист и дека верува во победат против Украина. „Прекрасна атмосфера, ми е мило што сум тука за да навивам и се надевам дека ќе донесам среќа за да победиме. Се надевам дека ќе имаме и ние добра поддршка кога ќе играме и дека ќе ни биде полесно да победиме“ – изјави Ѓорѓиев во разговорот со специјалниот известувач на Спортско Радио 90,3 ФМ од Букурешт, Сашо Кузмановски. Разговорот со Никола Ѓорѓиев како и со повеќе реномирани имиња од нашиот спорт кој се…

Read More

Алесио Диониси е нов тренер на италијанскиот фудбалски тим Сасуоло кој на официјалната веб-страница објави дека соработката ќе трае до 2023 година. Специјалистот ја презема функцијата од Роберто де Дерби кој замина во украинскиот Шахтјор (Доњецк). 41-годишниот Диониси има големо искуство од Серија „А“ бидејќи во минатото ги предводеше Сампдорија и Верона. Сасуоло во последната сезона во Италија заврши на 8-то место.

Read More

Европската „куќа на фудбалот“ најави дека по реакцијата на сојузот на професионални фудбалери ќе го истражува случајот со дефанзивецот на Франција, Бенџамин Павар, кој по мечот со Германија изјави,  дека бил во нокаут 10-15 секунди откако имаше судир со противничкиот фудбалер. УЕФА  сега ќе истражува дали одлуката на докторот на француската репрезентација да го врати во игра Пaвар и покрај силниот удар е коректна. Французите тврдат дека Павар во ниту еден момент не останал без свест и дека можел да продолжи. Лекарите и селекторите од сите земји пред стартот на ЕУРО потпишале дека ако за играч постои сомнение дека добил…

Read More

Плејмејкерот на белгиската репрезентација, Кевин Де Бруин, ќе му биде на располагање на селекторот, Роберто Мартинез, за денешниот меч со Данска на Европското фудбалско првенство. „Тој е здрав и доби зелено светло за настап. Сега се поставува прашањето колку долго може да игра. Задоволен сум од неговиот напредок и гледам дека со секој изминат ден се чувствува подобро“ – изјави белгискиот селектор. „Аксел Витсел е во иста ситуација како Де Бруин а со Еден Азар ситуацијата е малку поразлична. Тој играше на контролата против Хрватска и на мечот со Русија. Ние сакаме секој наш играч да биде подготвен за 90…

Read More

Македонскиот пијанист со светско реноме, маестро Симон Трпчески, вчера одржа концерт во Букурешт, Романија на кој се појави во дрес на македонската фудбалска репрезентација. Концертот е во рамки на „Македонската недела“ во романската престолнина, која е во организација на македонската Влада и Амбасадата во Букурешт. На концертот беше поканета и Македонската фудбалска репрезентација како и познати светски имиња.

Read More

Фудбалскиот состав Штутгарт потврди дека потпишал договор на четири години со голманот Флоријан Милер. Тој доаѓа како замена за Грегор Кобел кој се пресели во Борусија (Дортмунд). 23-годишниот Милер во минатата сезона настапи како позајмен во Фрајбург и остави одличен впечаток. „Развојот на Флоријан Милер во последниве години е навистина импресивен. Неговиот потенцијал, со оглед на неговата младост, неговиот карактер и менталитет, го прави совршено ново засилување” – рече спортскиот директор на Штугарт, Свен Минзлинтат.

Read More

Селекторот на финската фудбалска репрезентација, Марку Канерва, ја пофали играта на неговиот тим и покрај поразот од Русија на ЕП. „Разочарани сме од резултатот, сакавме да победиме. Постојат многу различни драматични моменти во фудбалот. Тоа се случи во почетокот на мечот кога нашиот гол беше поништен“ – рече специјалистот на задолжителната прес-конференција. „Имавме повеќе шанси за гол отколку на мечот со Данска, но, не можевме да ги искористиме. Во одбрана игравме добро. Горд сум на играчите, дадоа се од себе ” – додаде Канерва.  

Read More

Нашиот стопер, Дарко Велковски, верува дека Македонија на денешниот меч со Украина кој ќе започне во 15.00 часот на Арената во Букурешт, може да ги освои првите бодови на Европското првенство. „Австрија и Украина играат висок пресинг. Украинците не се толку дисциплинирани како Австријците, што значи дека ќе имаме повеќе шанси да ги нападнеме, како преку средината така и преку контра нападите“ – вели Велковски. „Се надевам дека ќе ги искористиме тие шанси и ќе дојдеме до посакуваната победа. Пред сè треба да бидеме сконцентрирани во текот на целиот натпревар“ – нагласи нашиот фудбалски репрезентативец во изјавата за националниот сервис.…

Read More