Менаџерот на фудбалерите на Тотенхем, Роберто Де Зерби, вели дека неговиот тим одиграл две различни полувремиња на мечот со Лидс во Премиер-лигата и затоа загуби со 1-0.
„Во првото полувреме игравме добро, напаѓавме и создадовме две-три чисти шанси за гол. Сепак, по паузата, имавме премногу потешкотии и заслужено загубивме“ – вели тренерот на „спарси“.
„Немавме карактер, ниту личност, ниту храброст. Ако сакаме да победиме, мора да излеземе на терен и да одиме по победата“ – потенцираше Де Зерби.

