Author: dino

Кошаркарот на Партизан, Пи Џеј Дозер, ги изрази своите впечатоци по важната победа против Басконија во Арената во Белград. „Црно-белите“ со новите бодови направија голем чекор кон плеј-офот во Евро-лигата. Токму Американецот кој го постигна можеби решавачкиот  кош на 18 секунди пред крајот на натпреварот , вели дека мечот го доби тимската игра.  „Мислам дека тоа беше само еден од многуте кошеви кои ни беа потребни. Ударите на Кевин Пантер не поттикнаа а Камински и Кабокло дадоа важни поени. Дефинитивно беше тимски напор и секој кош беше важен“ – изјави Дозер.

Read More

Рајнер Бонхоф е избран за прв човек на Борусија (Менхенгладбах), соопшти бундеслигашот. Поранешниот фудбалер  ја започна  професионалната кариера во Борусија  Менхенгладбах. Таму играше од 1970 до 1978 година и освои четири титули во Бундеслигата, Купот на Германија и Купот на УЕФА. Тој дојде до светската титула во 1974 година со Западна Германија. „Борусија (Менхенгладбах) е мојот живот и за мене е голема чест да бидам претседател на овој клуб“ – изјави Бонхоеф кој досега ја имаше улогата на потпретседател .

Read More

Спортскиот директор на фудбалскиот состав Баерн Минхен, Макс Еберл, веднаш ги коментираше гласините за евентуален ангажман на Жозе Мурињо кој по заминувањето од Рома остана без клуб. „Сега има повеќе од четири имиња на нашата листа. Наша задача е да размислиме сè, така што има и многу необични кандидати. Што мислам за Мурињо? Секако, размислуваме за тренери кои во моментов се на располагање. Засега, дури и не знам ништо за тоа колку добро зборува германски“ – изјави Еберл. Мурињо беше тренер на Тотенхем, Манчестер Јунајтед, Челзи, Реал Мадрид, Интер, Порто, Леирија и Бенфика.

Read More

Првите луѓе на фудбалскиот состав Манчестер Јунајтед нема да ја продолжат соработката со стоперот, Рафаел Варан, кој во 2021 година го напушти Реал Мадрид и се пресели на „Олд Трафорд“.   Тоа значи дека  францускиот дефанзивец ќе може да си замине во текот на летото како слободен играч. Варан иако беше најавен како големо засилување за агличаните, сепак не успеа да се наметне во тимот бидејќи во континуитет имаше проблеми со повредите. Тој во тековнава сезона се појави на само 19 натпревари во Премиер лигата.

Read More

Фудбалерот од средниот ред на Јувентус, Адриен Рабио, кој има договор со италијанскиот состав до претстојното лето, вели дека допрва ќе размислува за неговата иднина. „Нема ништо дефинитивно. Следната сезона треба да играме во Лигата на шампионите и Светското клупско првенство. Ова се работи што можам да ги земам во предвид но, сè уште ништо не сум одлучил“ – изјави Рабиот.„Не брзам со одлуката. Морам добро да размислам бидејќи сум на одредена возраст во кариерата и морам да го направам вистинскиот избор“ – додаде играчот од средниот ред.

Read More

Напаѓачот на Милан, Оливие Жиру, кој треба да одработи уште неколку месеци од договорот со „росонерите“, влегол во интензивни преговори со екипата на  Лос Анџелес, објави денеска – „Атлетик“.  Американскиот клуб сака да го привлече 37-годишниот ветеран во текот на летото. Французинот веројатно ќе биде дел од селекцијата на „триколорите“ на Европскиот шампионат во Германија од 14 јуни до 14 јули. Ќе потсетиме дека за Лос Анџелес настапува голманот, Уго Лорис, кој му е поранешен соиграч на Жиру во селекцијата на Франција,

Read More

Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, кој ги скина вкрстените лигаменти во почетокот на сезонава, принудно го заврши денешниот тренинг поради скинат медијален менискус на десното колено.  Тоа го објави новинарот Фабрицио Романо на социјалната мрежа Икс (поранешен Твитер). Според проценките,  Белгискиот фудбалер ќе се опоравува од новата повреда во наредните два месеца.  31-годишниот член на „кралевите“ нема одиграно ниту еден меч во сезонава.

Read More

Поранешниот играч на Реал Мадрид и Интер, Луис Фиго,ги именуваше главните кандидати за освојување на Европското првенство во Германија од 14 јуни до 14 јули. „Португалија има една од најдобрите фудбалски селекции во светот со многу талент и искуство. Ние сме еден од фаворитите за освојување на титулата заедно со Франција и Англија. Тука се и вообичаените фаворити – Шпанија, Германија, Белгија“ – вели Фиго. Ќе потсетиме дека „Европските бразилци“ последен пат го освоија пехарот на ЕП во 2016 година. 

Read More

Селекторот на фудбалерите на Англија, Герет Саутгејт, го објави списокот за пријателските натпревари против Бразил и Белгија.  На истиот фигурираат: голмани Џордан Пикворд( Евертон), Арон Рамсдејл (Арсенал), Сем Џонстон (Кристал Палас). Дефанзивци : Џерад Брантвејт (Евертон), Бен Чилвел (Челзи), Луис Данк (Брајтон), Џозеф Гомез (Ливерпул), Хари Мегваер (Манчестер Јунајтед), Езри Конса (Астон Вила) ), Џон Стоунс, Кајл Вокер (двајцата Манчестер Сити ); Играчи од средниот ред : Џуд Белингем (Реал Мадрид), Конор Галагер (Челзи), Џордан Хендерсон (Ајакс), Џејмс Медисон (Тотенхем), Деклан Рајс (Арсенал), Коби Мајну (Манчестер Јунајтед); Напаѓачи : Џерод Бовен (Вест Хем), Фил Фоден (Манчестер Сити), Ентони Гордон (Њукасл), Хари Кејн (Баерн), Кол Палмер…

Read More

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година oд денеска се подготвува за мечевите на домашен терен против селекциите на Гибралтар и Шведска за пласман на Европското првенство 2025 година. На 21. март ќе се соочиме со репрезентацијата на Гибралтар. Додека пет денови подоцна на националната арена „Тодор Проески” ќе играме со Шведска. „ Со нетрпение ги очекуваме дуелите со Гибралтар и Шведска.  Играме на домашен терен, што претставува позитивна работа. Сакаме да покажеме дека победата против Шведска во првото коло не беше случајна. Најпрво треба да одиграме меч со Гибралтар“ – вели фудбалерот Стефан Деспотовски во изјавата за сајтот на ФФМ.

Read More