Македонските ракометари убедливо го совлада Луксембург со 41-23 во првото коло во квалификациите за Европското првенство во 2028 година кое ќе се одигра во Шпанија, Португалија и Швајцарија.
Нашите репрезентативци имаа целосна контрола на мечот и покажаа супериорност против аматерите од Луксембург. Во редовите на победникот се истакнаа Петковски, Никола Костески и Серафимов со по 5 голови додека голманот, Томовски, забележа 12 одбрани.
Македонија во второто коло в недела ќе гостува кај Грција кој пак, утре ќе игра со првиот фаворит во групата, селекцијата на Шведска.

