Author: dino

Тренерот на фудбалерите на Спортинг, Рубен Аморим има намера да ја продолжи кариерата во Премиер лигата, пренесува –„ Дејли Мејл“.   Неговите агенти ќе се обидат да му пронајдат клуб во Англија. Претходно неговото име се поврзуваше со Ливерпул кој на крајот на сезоната ќе остане без тренер бидејќи Јирген Клоп ќе си замине. Аморим со тимот од Лисабон стана шампион на Португалија и двапати го освои Лига купот на земјата.

Read More

Поранешниот фудбалер на Брег Слонова Коска, Дидие Дрогба ги сподели размислувањата за тоа како да се справиме со расизмот. „Владите мора да бидат вклучени во казнувањето на расистичките дела. ФИФА и УЕФА може да одлучуваат за санкции но, без акција од владите, тешко е да се направи нешто“ – рече поранешниот напаѓач на Челзи на настанот кој се одржа во седиштето на УНЕСКО. Тој со неговите зборови му даде поддршка на црномурестиот фудбалер на Реал Мадрид, Виницуис Жуниор, кој во континуитет е цел на расистички скандирања од страна на навивачите.

Read More

Македонската репрезентативка во ММА,  Даниела Алексовска, денеска победи во полуфиналето на Европското ММА Првенство кое се одржува во Белград, Србија. Таа во  првата ММА борба во кариерата победи со „лост на раката арм бар“.  Mакедонската ММА Федерација предводена од Претседателот, Ивица Алексовски, прв пат учествува на ваков настан.   Алексовска утре ја очекува битката за златото.

Read More

Македонската женска ракометна репрезентација по седмипат ќе игра на завршницата на европските првенства. Нашите ракометарки денеска на убедлив наин го совладаа Азербејџан на гостински терен во Баку со 22:37 и со тоа во претпоследното коло го потврдија настапот на завршницата на ЕП кое на крајот на оваа година ќе се одржи во Австрија, Унгарија и Швајцарија. Денеска одличен настап имаше Саздовска која средбата ја заврши со 7 гола, а Ристовска заврши со 6 погодоци. Одлична беше и Коларовска со пет погодоци, додека младата Ива Младеновска постигна четири. Македонија во последното коло ја пречекува Литванија во недела во СЦ „Борис Трајковски“…

Read More

60-годишниот, Трајче Сенев, е нов кормилар на Брегалница. Тој практично се врати во „старото јато“ бидејќи ги водеше штипјани од октомври 2011 до јуни во 2012 година. Искусниот стратег има работено и во Кожув, Осогово, Пехчево, Силекс и Баби. Неговиот нов тим со 22 бода се наоѓа на претпоследното место на табелата во прволигашкото друштво. Тоа значи дека Сенев до крајот на сезоната ќе има тешка задача да избори опстанок.

Read More

Генералниот секретар на Македонскиот Олимписки Комитет, Сашо Поповски, во гостувањето на програмата на Спортско радио 90,3 проговори за Олимпијадата во Париз, за светскиот ден на спортот и за Младинските олимписки игри кои ќе бидат реализирани во Скопје. „Досега немаме спортисти со остварена  „А“ норма за Олимпијадата но, се надеваме дека тоа може да се промени до крајниот рок во јуни. Мора многу да се работи во Федерациите за да имаме успешен спорт. МОК се обидува да помогне на секој начин. Во текот на викендот ќе го организираме Светскиот ден на спортот во соработка со Општина Аеродром.Тоа ќе биде убав настан…

Read More

Фудбалерот на Челзи, Кол Палмер, ќе добие понуда да ја продолжи соработката со „сините“  за многу поголема плата. Тој сега инкасира 80 илјади фунти неделно. Договорот на Палмер е валиден 7 години со опција за продолжување за уште една сезона. Играчот од средниот ред има 24 натпревари во Премиер лигата со ефект од 13 голови и осум асистенции.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Астон Вила, Унаи Емери пред денешниот мечот со Манчестер Сити во Премиер-лигата, вели дека предводникот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола, е најдобар на светов. „Натпреварите против Сити се секогаш возбудливи. Без разлика дали победуваме, губиме или е нерешено, главна работа е да одржуваме рамнотежа“ – вели Емери. „За мене, Пеп е најдобриот тренер во светот. Откако ја анализирав неговата работа во Шпанија и во Англија, дојдов до заклучок дека тој е брилијантен“ – рече главниот тренер на Астон Вила.

Read More
NBA

Дени Грин , поранешниот соиграч на 4-кратниот МВП, Леброн Џејмс, беше прашан што ќе се случи прво – распад на големото трио на „Вориорс“ или пензионирањето на Џејмс. „Се чини дека нивните договори истекуваат во исто време, најмногу за една година. За Клеј Томпсон не сум сигурен дека Вориорс ќе го задржат. Што се однесува до Леброн, мислам дека ќе игра уште една сезона“ – вели Грин. „Можеби ќе му биде понуден повеќегодишен договор но, тоа не значи дека нема да заврши за една година“ – вели Грин.

Read More

Поранешниот дефанзивец на италијанската репрезентација Џорџо Киелини ги наведе силните страни на неговиот поранешен соиграч Кристијано Роналдо. „Кристијано бараше многу, сакаше да победува и тоа успеа да им го пренесе на сите во Јувентус. Сакаше да постигнува голови, да руши рекорди.  Да се игра со него три години беше привилегија“ –  изјави Киелини, цитиран од официјалниот сајт на ФИФА. Роналдо играше за „старата дама“ од 2018 до 2021 година. На 134 натпревари постигна 101 гол и 22 асистенции.

Read More