Екипата на Јувентус денеска ќе гостува кај Џенова во меч од 9-то коло во Серија „А“. Гостите од Торино ќе бидат значително ослабени бидејќи имаат значителен број на повредени играчи. На листата се: Франсиско Консеисао, Кенан Јилдиз, Кефрен Тирам, Џеф Екатор, Мехмет Зеки Челик, Аркадиуш Милик, Николас Гонзалез, Камил Грабара и Мануел Локатели. За Џенова сигурно нема да настапат: Џибрил Со, Елијас Хавел, Лоренцо Вентурино и Самјуел Виафе. Во последните 5 меѓусебни дуели, билансот е целосно на страна на Јувентус: 4 победи за „Старата дама“ и 1 нерешен резултат.
Author: dino
Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс, се осврна на изјавите на капитениот, Бруно Фернандеш, по тешкиот пораз од Комо во Лигата на шампионите. Португалскиот фудбалер по мечот во Италија остро ја критикуваше тактиката на тренерот Мајкл Карик. „Мислам дека Бруно кажа непростливи работи минатата недела. Веројатно треба да се пензионира од европскиот фудбал и едноставно да оди во Саудиска Арабија“ – рече Сколс.
Челниците на Жалгирис набрзо ќе решат дали ќе го задржат во тимот кошаркарот, Кинан Еванс, кој деновиве беше ангажиран од екипата на Лондон Лајонс. Доколку бекот не успее да се етаблира во ротацијата, ќе мора да се врати во Англија. Ќе потсетиме дека Еванс направи кам-бек во Каунас по повредата на Најџел Вилијамс-Гос.Според проценките, стартниот плејмејкер на тимот може да отсуствува повеќе од еден месец поради повреда на тетивата.
Резервниот возач на Мерцедес, Фредерик Вести, ќе се појави на првиот тренинг пред претстојното Гран При на Мексико Сити. Тој ќе го замени Џорџ Расел. Познато е дека секој возач е должен двапати во сезоната да го отстапи местото на помладите возачи на петочните тренинзи. По трката во Мексико, Расел ќе мора да пропушти уште еден тренинг. Неговиот тимски колега, Андреа Кими Антонели, ги исполни обврските пред трките во Барселона и Унгарија.
Поентерот на Јутa, Џарен Џексон, ќе отсуствува од шест до осум недели поради скинат медијален колатерален лигамент на десното колено. 27-годишникот нема да биде подложен на операција. Тој се повреди во почетокот на втората четвртина од натпреварот против Мемфис.Играчот на „џезерите“ помина на теренот само 10 минути, запишувајќи 6 поени, 3 скока и 2 асистенции.
Крис Џент кој е дел од стручниот штаб на Њујорк го напушти тимот од лични причини, објавија дел од медиумите. Должината на неговото отсуство не е потенцирана. 56-годишниот тренер пред да му се приклучи на Њујорк работеше во Шарлот и Кливленд. Џент беше отсутен и на вториот натпревар од регуларната сезона.
Во сениорската конкуренција, Григоријан Никовски победи на патеката долга 10.000 метри додека Адријана Поп Арсова Рашиќ беше најбрза на 8.000 метри. Две шампионски титули за клубот донесоа и настапите во категоријата до 23 години. Бојан Чаприќ победи на 8.000 метри а Ирма Хајдари го освои првото на 6.000 метри. Дарија Крстевска стана национална шампионка во категоријата до 20 години на 4.000 метри Кај пионерките, Сара Ноческа ја освои титулата на 1.500 метри додека второто место го освои Владимир Трајанов во категоријата до 18 години на патеката долга 4.000 метри.
Ракометарите на Вардар в среда ќе го пречекаат Мелсунген во последниот сезонски натпревар во Лигата на шампионите. Тренерот, Иван Чупиќ, вели дека сакаат со победа да се простат од Европа откако „црвено-црните“ ги загубија шансите да продолжат во наредната фаза. „Не чека за жал последниот натпревар во Лигата на шампионите. Мелсунген ќе дојде во Скопје да обезбеди пласман во главната фаза. По два пораза дома, гордоста ни е повредена и на нас и на навивачите и токму тие заслужуваат со победа да ја завршиме Лигата на шампионите“ – вели Чупиќ.
Крилниот фудбалер на Пари Сен Жермен, Хвича Кварацелија, кој заработи повреда на мечот со Барселона во 3 коло во Лигата на шампионите, се очекува да биде подложен на операција на предните вкрстени лигаменти во почетокот на оваа недела, објави „Л’Екип“. Според изворот, точниот датум сè уште не се знае. Наводно операцијата ќе се изврши во Медицинскиот центар – „Аспетар“ во Катар. Грузиецот ги скина предните вкрстени лигаменти на десното колено и беше заменет во 59-тата минута. Тој нема да игра на мечевите со Вилјареал, Рома, Астон Вила, Комо и Галатасарај или до крајот на групната фаза во Лигата на шампионите
Церемонијата за доделување на нагрдата – „Златната топка“ за 2026 година ќе биде доцна вечер во театарот – „Лондон Паладиум“ или премиерно во Велика Бртитанија. За фудбалер на годината во преден план според сите проценки се наметнуваат : Хари Кејн (Баерн Минхен/Англија), Ламине Јамал (Барселона/Шпанија) и Килијан Мбапе (Реал Мадрид/Франција). Награди се предвидени и за млад фудбалер на годината, за најдобар голман и тренер. За клуб на годината се номинирани : Бодо, ПСЖ, Арсенал, Баерн Минхен и Фламенго. Истите награди ќе бидат доделени и во женскиот фудбал.
