Резервниот возач на Мерцедес, Фредерик Вести, ќе се појави на првиот тренинг пред претстојното Гран При на Мексико Сити. Тој ќе го замени Џорџ Расел.
Познато е дека секој возач е должен двапати во сезоната да го отстапи местото на помладите возачи на петочните тренинзи. По трката во Мексико, Расел ќе мора да пропушти уште еден тренинг.
Неговиот тимски колега, Андреа Кими Антонели, ги исполни обврските пред трките во Барселона и Унгарија.

