Екипата на Јувентус денеска ќе гостува кај Џенова во меч од 9-то коло во Серија „А“. Гостите од Торино ќе бидат значително ослабени бидејќи имаат значителен број на повредени играчи.
На листата се: Франсиско Консеисао, Кенан Јилдиз, Кефрен Тирам, Џеф Екатор, Мехмет Зеки Челик, Аркадиуш Милик, Николас Гонзалез, Камил Грабара и Мануел Локатели. За Џенова сигурно нема да настапат: Џибрил Со, Елијас Хавел, Лоренцо Вентурино и Самјуел Виафе.
Во последните 5 меѓусебни дуели, билансот е целосно на страна на Јувентус: 4 победи за „Старата дама“ и 1 нерешен резултат.

