Author: dino

Левиот бек на Барселона, Жорди Алба, не прифатил намалување на платата и затоа ќе биде ставен на трансфер-листата, објавија извори блиски до каталонскиот фудбалски клуб. Откако ветеранот не се согласил со предлогот на управата се со цел да се намали финансиската криза, многу членови сакаат шпанскиот репрезентативец да биде продаден. Доколку Алба навистина го напушти „Камп Ноу“, тогаш Барса ќе се обиде да го ангажира Хозе Гаја од Валенсија.

Read More

Шпанскиот дефанзивец, Серхио Рамос, нема да дебитири за ПСЖ на  пријателскиот натпревар против Севилја откако тренерот, Маурицио Покетино, го изостави од списокот на пријавени фудбалери. Корпулентниот стопер кој во текот на летово дојде како големо засилување од Реал Мадрид, не работеше на тренинзите во последниве денови поради болка во мускулот. ПСЖ првиот официјален меч во новата сезона ќе го одигра в недела против Лил во Супер-купот на Франција. Новата сезона во Лига 1 ќе стартува на 7 август a „светците“ во првото коло ќе играат со Троа.

Read More

Нашиот натпреварувач во таеквондо, Дејан Георгиевски, го совлада Сејду Гбане од Брег Слонова Коска на поени со 9-4 и влезе меѓу најдобрите 4-ца во категоријата плус 80 килограми на Летните Олимписки Игри во Токио. Македонскиот олимпиец уште на стартот на денот беше фантастичен и забалежа победа против актуелниот светски шампион Кубанецот, Рафаел Кастиљо Алба со 11-8 на поени. Георгиевски сега го очекува битка со Ин од Кореја.

Read More

Властите во Токио објавија дека преку 270.000 тестови за Ковид-19 биле направени од 1 јули, од кои преку 120.000 на спортистите кои се дел од ЛОИ. Во олимпиското село во последните 24 часа има 7 нови заразени што значи дека бројката меѓу Олимпијците се искачи на 18-ет. Тука се вклучени и пет позитивни примероци на спортисти кои се подгтвувале надвор од главниот град на Јапонија пред почетокот на игрите.  

Read More

Украинската триатлонка, Јулија Елистратова, е суспендирана од Олимпијадата под сомнение за допинг, соопштија организаторите. Во примерокот на 33-годишната олимпијка земен на 5 јуни,  била пронајдена забранета супстанца, информираше Светската унија на триатлон. Писмото пристигна пред три дена во ИОК. Елистратова има право да побара отворање на нејзиниот Б примерок и да ја оспори казната за времено суспендирање пред Спортскиот суд. Таа денеска требаше да се натпреварува на Олимпијадата.  

Read More

17-годишната тинејџерка од Алјаска (САД), Лидија Јакоби, направи изненадување во финалето на 100 метри градно и ја освои Олимписката титула во Токио. Јужноафриканката, Татјана Шенмакер,  го освои сребрениот медал додека олимписката шампионка од Рио де Жанеиро 2016, Лили Кинг (САД), мораше да се задоволи со бронзениот медал. Пливачот од Тунис, Ахмед Хафнауи, сензационално го освои златниот медал на трката на 400 метри слободно иако имаше најслабо време меѓу финалистите.  – Кога го допрев базенот и видов дека сум првиот, бев толку изненаден. Кога влегов во вода, не размислував за времето, само за медалот“ – рече Хафнауи. Кина ја освои титулата…

Read More

Табела на освојувачите на медали на Олимписките игри во Токио кога станува збор за Топ-5 репрезентации. 1. Јапонија – 8 златни, 2 сребрени, 3 бронзени, вкупно 13 2  САД – 7 златни, 3 сребрени, 4 бронзени, вкупно 14 3 Кина – 6 златни, 5 сребрени, 7 бронзени, вкупно 18 4 Руски олимписки комитет – 4 златни, 5 сребрени, 3 бронзени, вкупно 12 5. Велика Британија – 3 златни, 3 сребрени, 1 бронзени, вкупно 7. Вкупно 22 комплети медали ќе бидат доделени утре на Игрите: гимнастика: женски тим кајак на брза вода: слалом за жени планински велосипедизам: мажи крос-кантри нуркање: синхроно…

Read More

Олимпиецот од Хонг Конг, Чун-Ка Лун, направи вистинска сензација освојувајќи ја олимписката титула во дисциплината мечување на ЛОИ во Токио. 24-годишниот Лун го победи Италијанецот, Даниеле Гароцо, со 15-11, со што го спречи да ја одбрани титулата од Игрите во Рио де Жанеиро. Тоа е историски прв медал за Хонг Конг во мечување или вкупно гледано само второ олимписко злато во историјата на земјата. Чун-Ка Лун беше носител на знамето за неговата земја на церемонијата на отворање на Олимписките игри. Досега тој немаше освоено индивидуална награда на голем турнир.

Read More

Фудбалерот на Ливерпул, Џердан Шаќири, откри дека е подготвен за нови предизвици откако деновиве се појавија шпекулации дека за неговиот потпис е заинтересиран италијанскиот состав Лацио. „Фудбалот ми помогна да реализирам многу соништа. Имав среќа да играм во големи тимови и да освојам многу награди. Мојот договор со Ливерпул истекува во 2022 година“ – изјави Шакири за „Кориере дело Спорт“.„ „Го следам Лацио подолго време. Би сакал да играм повеќе напаѓачки фудбал а Маурицио Сари го практикува тоа “ – рече репрезентативецот на Швајцарија.

Read More

Матеја Јелиќ и го донесе првото злато на Хрватска на ЛОИ во Токио откако ја победи Лорен Вилијамс со 25:22 во финалето до 67 килограми на турнирот во таеквондо. За Јелиќ тоа беше втора последователна победа против Британката по нивниот меч на Европското првенство во Софија. Бронзениот медал го освоија Рут Гбаги (Брег Слонова Коска) и Хедаја Малак (Египет)

Read More