Mарко Ландучи, помошникот на Макс Алегри во Наполи, го коментираше поразот од Јувентус, признавајќи ја супериорноста на противникот во вториот дел и истовремено откривајќи нови здравствени проблеми во тимот од Неапол.
„Едноставно кажано, Јуве заслужено победи. Кога ќе загубите, треба само да молчите и да го прифатите тоа. Имавме кадровски проблеми, но, тоа не е оправдување – моравме да одиграме подобро по паузата“ – рече Ландучи.
„Имаме многу повредени играчи, исто како и многу други клубови во овој период на згуснат распоред. Тоа е донекаде неизбежно, па мораме да продолжиме понатаму“, додаде помошниот тренер на Наполи.

