Фудбалерот на Јувентус, Даглас Луиз, имаше гол и асистенција во победата на теренот на Лече во вчерашниот меч во Серија „А“. Тој не крие дека е среќен по победата. „Задоволни сме од играта и од победата. Имавме добро прво полувреме но, мораме да се подобриме и да играме подобро во текот на целиот натпревар“ – беа зборовите на Бразилецот. „Три бода на гостински терен секогаш се значајни. Верувам дека можеме да одиграме многу подобро. Милам дека ја имам вистинската позиција на теренот“ – нагласи фудбалерот на „старата дама“ од Торино.
Author: dino
Екипата на Детроит забележа серија од три победи на стартот на сезоната во НБА лигата а лидерот на тимот, Кејд Канингем, вели дека се фунционира беспрекорно. „Само остануваме доследни. Не се занесуваме. Единството е тука. Имаме одличен систем и го имаме најдобриот тренер во лигата“ – рече кошаркарот на „Пистонси“. Детроит на отворањето на сезоната славеше на мечевите против Бостон, Мајами и Филаделфија.
Тренерот на фудбалерите на Брајтон, Фабијан Хирцелер, вели дека неговиот тим бил подобар противник од Ливерпул иако загуби на гостувањето на „Енфилд“. Тој се повика на статистиката. „Мислам дека сите на стадионот видоа дека имаше еден тим кој навистина се обиде да победи на овој натпревар и затоа морам да ги пофалам моите играчи“ – рече Германецот. „Тие ја задржаа мрежата чиста затоа што се бранеа добро со централните дефанзивци. Видов тим со многу добри работи кој навистина имаше верба во нашиот пристап“ – потенцираше Хирцелер.
Џорџ Расел од екипата на Мерцедес ја анализираше трката во САД. Тој нагласи дека не можел да ја достигне брзината на тимскиот колега, Кими Антонели. „Моето темпо не беше доволно добро во првиот дел. Во исто време, по застанувањето во боксот, имаше само околу шест круга во кои успеав да го стигнам темпото на Кими Антонели.“ – рече Расел. „Потоа успеав да ја намалам разликата со Оскар Пјастри, но, сепак не можев да го престигнам. „На крајот, имав шест одлични кругo и 50 лоши во таа трка“ – потенцираше членот на Мерцедес.
Далтон Кнет кој потпиша двонасочен договор со Њујорк објасни зошто се определил на таков потег. 25-годишниот кошаркар прво ќе мора да игра во развојната лига. „Тоа ми изгледаше како најдобра можност. Разговарав со тренерскиот штаб, ги познавам некое време и сè помина добро. Мислев дека е одлична опција за мене и среќен сум што сум тука“ – рече поентерот. „Да играм за Вестчестер? Мислам дека ќе биде одлично. Ќе научам нов систем,. Само треба да бидам подготвен“ – рече кошаркарот кој претходно настапуваше за ЛА Лејкерс.
Македонските натпреварувачи, Камелија Недев и Драган Стојановски, освоија сребрени медали во дисциплината кати на Светскиот шампионат во традиционално карате, кој се одржуваше во Словенија. Камелија се искачи на второто место на пиедесталот во кадетска конкуренција додека Стојановски стана вице-шампион во конкуренција на деца од 10 до 11 години. Со бронзени медали се враќаат: Матеј Јарчевски – кати, сениори, Миле Спанџев, кати, деца и Георги Кокорманов исто така во кати за деца од 10 до 11 години.
Тренерот на фудбалерите на Барселона, Ханси Флик, се осврна на вчерашниот пораз на домашен терен од Реал Мадрид во дербито на Примера Дивизион. „Постои разочарување, особено поради првото полувреме кое не беше добро. Се подобривме во вториот дел но, ни недостасуваше свежина и не можевме да го направиме посакуваниот притисок“– изјави стратегот на Каталонците. „Кога ќе загубите, тоа не значи дека сè тргнало наопаку. Има уште многу да се игра а вакви работи се случуваат. Сите ја разбираат ситуацијата“ – беа дел од зборовите на Флик.
Челниците на фудбалскиот состав Манчестер Јунајтед веројатно ќе мораат да обезбедат нов напаѓач во текот на зимата бидејќи Бенџамин Шешко се соочува со потешка повреда. Според медиумите во Англија, дваесет и тригодишниот репрезентативец на Словенија кој нема одиграно натпревар повеќе од еден месец, може да отсуствува и до крајот на сезоната. Во отсуство на Шешко, во преден план доаѓа Холанѓанецот, Зиркзе, кој во текот на летото беше на излезната врата но, сепак остана кај „црвените ѓаволи“.
Главниот тренер на фудбалерите на Баерн Минхен, Винсент Компани, го анализираше ремито со Арсенал, во третото коло од групната фаза во Лигата на шампионите. „Имавме шанса да дојдеме до победа, дуелот беше исклучително интензивен а тимот го даде максимумот. Резултатот веројатно е реален одраз на тоа што се случуваше на теренот“ – вели Компани. Баварците со освоениот бод остануваат во трката за првите осум места на табелата и избегнување на првата елиминациска фаза.
Капитенот на Манчестер Jунајтед, Бруно Фернандеш, се осврна на вчерашниот пораз кај Комо со 4-1 во меч од третото коло во Лигата на фудбалските шампиони.„Беше одлука на стручниот штаб да не играме пресинг човек на човек. Мислам дека треба да преземеме ризик и да излеземе многу високо“ – рече Португалецот. „Нивниот стопер ме следеше сè до мојата половина за да ме маркира. Мислам дека понекогаш мораме да го правиме тоа како тим.“ – нагласи Фернадеш.
